Македонија
Исповед на мајката која го изгуби детето во Битола: „Ме искасапи, ми се смееше и викаше ‘Оди си ако не ти се бендисваме’“
Родилката Викторија Крстева чие бебе почина по раѓањето во битолската болница, по четири дена од трагичниот настан, се огласи јавно. Најави дека нема да отстапи од барањето правда, но и дека дел по дел ќе обелодени сѐ. На медицинскиот персонал му порача: „Ништо нема да ве испере“. Крстева пишува дека имала најздрава бременост.
„Овие денови требаше да ја добијам најголемата титула во животот. Мајка. Поради партиските ‘препукувања’ ривалство, инает меѓу докторите и неспособноста – јас изгубив најмногу. Го изгубивме највредното нешто во животот. Нашиот Јован. Нашето најмило. До кога ради вас партиски пиунчиња, ќе страдаме?“, прашува таа.
Додава и: „Се изначитавте.. безброј лаги. Различни приказни.. Сите се ставивте на мое место внатре во сала, а уствари, таму бев јас и тие ‘луѓе’. Не знам и дали треба да кажам дека се луѓе. Бебето не ми почина во стомакот, ниту беше извадено со вакум, иако се колнат дека било. Пола секунда било.. Ех, уште на маката и будала да те направат.. Точно дека бев вратена од болница дома и сеуште си го поставувам прашањето, зошто? Се вратив во раце на други. Откако ми го пукнаа водењакот и искусните воочиле дека има мекониум, а ЦТГ уредно, а за кое никогаш не одбив да ми биде направено, имаше за царски, и до утре можат да ме убедуваат дека немало, било во каналот… Па еве, кога било во канал, можевте веднаш да употребите ама вистински вакум и да го извадите и ми го спасите бебето, а не додека после пукање на водењакот викав, кревајќи ја болницата од болки и молев за рез, уште два часа, госпоѓата која што веднаш после смртта на моето бебе си замина на одмор и не се појави на ниту едно сослушување, која тврдеше дека не учествувала во мојот пораѓај, иако таа ме искасапи и животински ми скокаше на стомакот, ми се смееше и ми рече “Ако не ти се бендисваме ние, оди си во Плодност’“.
Родилката која го изгуби детето во Битола додава: „Ме искасапи и ми скокаше на стомакот, ми викаше ‘Оди си ако не ти се бендисваме’“ Удирајќи ме во стомакот, на кој што сеуште имам траги, насилно ми го извадивте бебето кое никогаш не успеав да го видам! И уште пораѓајот бил лесен, дај Боже сите следни да ми се вакви??? Па не бил насилен пораѓај.
Какви се не небулози ќе слушнам? Зарем немате трошка милост? Дел по дел ќе обелоденам се! И тоа што ми се умилкувавте, плачејќи и нудејќи ми разноразни ствари, кафенце, сокче.. Ако ти треба нешто само јави се.. Нема да ве испери“.
Децидна е дека имала здрава бременост.
„Имав најздрава бременост, до последниот миг. Секој преглед уреден, секој резултат уреден. Го направија пропустот за кој што знам, дека никој нема да сноси одговорност или за да се покријат, ќе одговара некој друг. Колку да е некој де… А ништо чудно и обдукцијата да е така скоцкана да нема крив. Како што кажавте, да не е некоја најретка аномалија или? А тоа што по канти баравте плаценти, постелки, и што ми стававте?! А тоа што се договоривте што да кажите за да се покриете? А? Оставки, жалења, тажења.. Не. Знам, свесна сум за се! Иако мислевте не. Нѐ потценивте и мене и сопругот. Но, ќе ве изгорам сите. Ветувам. Ни го убивте бебето поради вашето его, надменост и непрофесионализам… Мислејќи дека сте Бог. Убијци. Парична казна? Смешно е. Дури не сносат одговорност нема да се откажеме“, пишува родилката Викторија Крстева.
Државниот санитарен и здравствен инспектортат го објави извештајот со вонредниот инспекциски надзор а во врска со смртта на новороденче во битолската Клиничка биолница. Во извештајот се посочува за лекувањето и третманот на родилката В.К.Најавени се прекршочни мерки за еден лекар кој учествувал во породувањето на родилката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„14 пратеници“, обзнанија Таравари и Хасани: Коалицијата „Вреди“ добила пратеник повеќе во однос на Европскиот фронт по прегласувањето
По прегласувањето на избирачко место во Општина Желино, кое е во рамки на изборната единица 6, според претставникот на „Вреди“, Башким Хасани, коалицијата „Вреди“ добила близу 500 гласа, а за „Европскиот фронт“ гласале 48 избирачи.
Коалицијата „Вреди“ доби еден пратеник повеќе за сметка на пратеник на „Европскиот фронт“ со прегласувањето во шестата изборна единица, изјави Хасани.
„Кога се гласа без притисоци, без кражби и без многу манипулации резултатот е тој, или во случајов, коалицијата ‘Вреди’ го добива 14 пратеник“, рече претставникот на коалицијата „Вреди“.
Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК) за излезеноста на седумте избирачки места на кои денеска имаше прегласување за парламентарните избори, на избирачкото место во Општина Желино, едиствено на кое се прегласува во шестата изборна единица, до 18:30 часот гласале вкупно 546 избирачи.
Претставниците на Коалицијата „Вреди“ Арбен Таравари и Башким Хасани на социјалните мрежи го напишаа бројот 14 со што алудираат на уште еден пратеник во коалицијата.
Коалицијата „Вреди“ на парламентарните избори на 8 мај, имаше 13 пратеника, а коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ доби 19 пратенички мандати.
Македонија
55,10 проценти била излезноста, на половина час пред затворањето на гласачките места соопшти ДИК
Од вкупно запишани 4.514 гласачи на седумте избирачките места на кои се прегласува за Парламентарните избори, до 18.30 чaсот гласале 2.487, односно 55,10 отсто, соопшти Државната изборна комисија
Во ИМ 2101 во Желино гласале 546 гласачи односно 54,98%.
Во ИМ 1194 во Крушево, гласале 325 гласачи односно 69,30%.
Во ИМ 1202 во Крушево, гласале 99 гласачи односно 33,22%.
Во ИМ 1272 во Охрид, гласале 356 гласачи односно 50,07%.
Во ИМ 1470 во Долнени, гласале 365гласачи односно 55,47%.
Во ИМ 1470/1 во Долнени, гласале 324 гласачи односно 51,27%.
Во ИМ 1844 во Струга, гласале 472 гласачи односно 62,68%.
Во споредба со гласањето на 8 мај 2024, до 18:30 часот, на ова прегласување била забележана зголемена излезеност за 1,08% на овие избирачки места.
Македонија
Левица: Осквернавено срцето со македонското знаме во Гостивар
Пред неколку дена, по повод Денот на македонското знаме, 15 мај, како и по повод 24 Мај – празникот на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј, срцето од натписот со името на градот Гостивар беше симболично променето во македонското знаме со букви на глаголично и кирилично писмо, се истакнува во реакцијата на Левица.
„Но, за жал, можеби, и очекувано во ситуација на континуирана необалистичка реторика од страна на политичките партии од страна на т.н „албанскиот блок“, срцето на кое во понеделникот беа насликани македонското знаме и букви од кирилицата и глаголицата е осквернавено со илустрации и графити кои се со екстремно навредлива содржина.
Сквернавење кое, дури и да не е извршено од нив, претставува директна последица на големоалбанската и антимакедонската пракса, на целосно непочитување на државните македонски инсигнии (Знаме, Грб и Химна), како и глорификација на инсигниите на фашистичката творба – Голема Албанија која е практикувана од страна на т.н. „албанската“ политичка елита“, велат од оваа партија.
Ја потсетуваат јавноста дека политичката партија Левица во својата програма се залага за: воведување на Државен инспекторат за инсигнии кој ќе биде надлежен за контрола и надзор над правилната употреба на државните симболи (грбот, знамето и химната) од страна на државните органи, општините и приватните субјекти.