Македонија
Кавадарчани ќе уживаат во зимските спортови, почнува изградбата на скијачки центар, најави Јанчев

Од оваа зима кавадарчани ќе уживаат и во зимските спортови, вели градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.
„Општина Кавадарци денес доби голема донација, која означува почеток на развој на зимските спортови, во кои ќе уживаат сите генерации.
Денес, со одлука на Совет на Општина Кавадарци, нашиот убав град прими донација од 231.660,00 евра, од кои 115.000,00 евра се донација од Комерцијална банка и 115.000,00 евра се донација од „Кожувчанка“ ДОО.
Оваа донација е во материјални добра и услуги:
– ски-лифт во должина од 370 м, со капацитет од 600 лица на 1 час;
– скијачки појас со капацитет од 800 лица;
– четири сезонски вртелешки;
– мобилна пумпа;
– црево со висок притисок 5 броја x 20 метри мах 20 бар;
– филтри 4 броја;
– хидрант 4 броја;
– снежни топови 2 броја;
– заштитна мрежа 20 броја.
Градоначалникот Митко Јанчев вети во предизборната програма, а од денес овој проект станува реалност“, објави Јанчев.
„Во претстојниот период почнува изградбата на овој скијачки центар, а веќе во декември тој ќе биде во функција.
Кавадарци за сите“, додава Јанчев.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Лажна дојава за бомба ноќеска на скопскиот аеродром

Ноќеска во 02:41 часот, на телефонскиот број за итни случаи 112 е добиена пријава за поставена бомба во авион кој требало да полета од „Меѓународниот аеродром Скопје“ кон Турција.
Како што соопшти утрово Министерството за внатрешни работи, се работи за лажна дојавата за бомба на скопскиот аеродром.
-Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни активности и извршени се потребните проверки од страна на антитерористичката единица при МВР и утврдено е дека пријавата е лажна, односно дека нема никаква експлозивна направа, велат од МВР.
По завршувањето на проверките, околу 06:00 часот, аеродромот продолжи со редовно работење.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 36 степени.
Според прогнозата на УХМР, во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди.
-Во недела попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во првите два дена од новата седмица на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локално невреме со засилен ветер и изолирана појава на град, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Скопје
Без струја утре неколку улици во Центар и Чаир

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН известува дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре, без електрична енергија ќе останат:
· од 06.00 до 11.00 часот, корисниците на улица 6 и дел од улица 4 во Сарај. (Општина Сарај )
· од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од дел од ул. Даме Груев и дел од ул. Свети Кирил и Методиј. (Општина Центар