Македонија
„Кажи ‘не’ на дрогата, ‘да’ на животот“, превентивни активности на МВР
Во рамките на редовните и плански организирани превентивни активност, вчера, на подрачјата на секторите за внатрешни работи Битола, Охрид, Штип и Куманово, полициски службеници од овие сектори за внатрешни работи реализираа едукативни работилници со ученици од повеќе образовни институции на подрачјата на овие организациски единици на МВР.
Така, во средните училишта во Прилеп, „Орде Чопела“, и во Крушево, „Наум Наумовски-Борче“, се одржаа едукативни работилници посветени на врсничкото насилство и едукативно предавање на темата „Кажи ‘не’ на дрогата, ‘да’ на животот“, а во охридското основно училиште „Христо Узунов“ го реализираа превентивно-едукативниот проект посветен на појавата на врсничко насилство. Исто така, за средношколците од штипското средно училиште „Јане Сандански“ беше одржана едукативна работилница „Кажи ‘не’ на дрогата, ‘да’ на животот“, а за учениците од основното училиште „Свети Јоаким Крчовски“ беше реализирана работилница посветена на превенција од врсничко насилство.
Инаку, вчера, покрај овие активности, на подрачјето на СВР Битола полициски службеници од Полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола во централното подрачје на Битола реализира превентивни активност во насока на подобрување на безбедноста во сообраќајот „Не користи алкохол кога возиш“, а полициски службеници од Полициското одделение Новаци реализираа превентивна активност на подрачјето на Новаци во делот на заштитата од кражби и измами на граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Гаши на Националниот молитвен појадок во САД
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на Националниот молитвен појадок (National Prayer Breakfast) во Вашингтон.
Се работи за традиционален и значаен настан што ги обединува политичките, верските и општествените претставници, истакнувајќи ги вредностите на дијалогот, взаемното почитување и моралната одговорност во лидерството.
На оваа церемонија се обрати и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
Од Собранието велат дека учеството на Гаши претставува можност за зајакнување на пријателските односи и за афирмирање на улогата на Република Северна Македонија како активен, присутен и почитуван партнер во меѓународната соработка.
Македонија
Се оддалечуваме од Европа поради политиките на власта, му рекол Филипче на известувачот Томас Вајц
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска одржал состанок со постојаниот известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц. На состанокот, како што информираа од партијата, станало збор за актуелната политичка состојба и за евроинтеграцискиот процес на државата.
Филипче изразил благодарност за ангажманот на ивестувачот на ЕП, Вајц, во следењето на процесот, како и за поддршката на Европската Унија и Европскиот Парламент за европската перспектива на нашата држава.
„На средбата, Филипче посочи дека статусот во кој се наоѓа евроинтеграцискиот процес на Македонија е сериозно загрижувачки, реформската агенда е закочена, реформите не се спроведуваат, а власта не покажува волја за продолжување на европскиот пат. Тој додаде дека наместо напредок кон европскиот пат, државата поради политиките на власта се соочува со стагнација, блокирани реформи и политики кои ја оддалечуваат државата од европските стандарди“, велат од СДСМ.
Филипче нагласил и дека европската интеграција за Македонија значи процес што го зајакнува владеењето на правото, гради функционални институции и обезбедува подобар живот за граѓаните, а Македонија заслужува да се движи напред, а не да губи време и да остане изолирана.
Воедно, Филипче порачал дека СДСМ останува цврсто посветена на европските вредности и реформи, бидејќи иднината на Македонија во Европската Унија, тоа е клучот за подобра, праведна, просперитетна и напредна држава, за подобра иднина за сите граѓани.
Македонија
За возачка дозвола доволно е завршено основно образование, рече Јаневска по протестите
Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека за полагање возачки испит е потребно најмалку завршено основно образование, нагласувајќи дека државата обезбедува можности.
„Образованието е бесплатно и за оние што ја надминале возраста, така што до 29 години тие преку Центарот за образование добиваат едукација. Сме имале и проекти со наши странски партнери преку кои Ромите што биле заинтересирани да го дополнат своето образование добиле некаква едукација соодветна на барањата на пазарот на трудот, нивните лични потреби итн“ рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање. Додаде и дека Министерството финансира околу 40 ромски медијатори со цел зголемување на опфатот и редовното присуство на ромските деца во училиштата.
Изјавата доаѓа по протестите на граѓани кои побараа ослободување од обврската за полагање возачки испит бидејќи немаат неопходен степен на образование, а автомобилите им се неопходни.

