Контакт

Македонија

Претпладне повремен дожд, попладне умерено облачно со слаб ветер

Објавено пред

Претпладне променливо облачно со локални врнежи од дожд, попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер претежно од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје променливо облачно, претпладне со повремен дожд, а попладне умерено облачно со слаб ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 19 степен.

До крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Од петок попладне преку ноќта и в сабота врнежите на места повремено ќе бидат обилни и поројни (над 30 л/м2) и проследени со грмежи. В петок и во деновите од викендот, особено преку денот, ќе дува засилен до повремено силен ветер од јужен правец (над 60 км/час).

Македонија

Макрон упати честитка до Силјановска-Давкова: Се отвора нова страница кај нашите македонски пријатели

Објавено пред

Честитки на македонски јазик за победата на Гордана Силјановска-Давкова, вчера, 9 мај 2024 година на социјалната мрежа фејсбук, упати претседателот на Република Франција, Емануел Макрон.

dobivaj vesti na viber

Во честитка се потенцира француската поддршка за Македонија кон целосна евроинтеграција при што е наведено следново:

„Се отвора нова страница кај нашите македонски пријатели. Ја поздравувам храбрата посветеност на Стево Пендаровски, а на Гордана Сиљановска-Давкова ѝ ги упатувам моите срдечни честитки за изборот за Претседател. Франција остнува на страната на Македонија за да ја придружува во реформите и нејзината европска иднина.“

Професорката Гордана Силјановска-Давкова упати благодарност за честитиката на македонски и на француски јазик, истакнувајќи ја улогата на Франција како една од основачите на ЕУ и потенцирајќи дека како претседателка ќе се залага за градење на консензус кој ќе овозможи македонските граѓани да живеат европски. А исто така, ја потенцира и билатералната соработка за зајакнување македонско-француските односи.

Во одговорот на професорката Гордана Сиљановска-Давкова стои:

„Претседателе Макрон, Ви благодарам за честитките! Франција, како една од земјите основачи на ЕУ има најважна улога и одговорност за успех на европскиот проект. Вашата поддршка се надевам ќе го отвори патот на Македонија кон Европа, а она што можам да се заложам е дека ќе градам консензус за реформи кои ќе им овозможат на македонските граѓани да живеат европски. Воедно, како две пријателски земји во мојот мандат ќе работам на зајакнување на билатералните односи, особено економската, културната и научната размена.“

Прикажи повеќе...

Скопје

Скопје да се врати на скопјани, а Данела Арсовска да поднесе оставка, вели Стефковски

Објавено пред

Во објава на својата официјална страница на „Фејсбук“, градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, се осврна на изборните резултати и побара оставка од градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, бидејќи, како што вели Стефковски, тоа е волјата на скопјани.

dobivaj vesti na viber

„Време е Скопје да се врати на скопјани, а Данела Арсовска да поднесе оставка! Кредибилитетот и легитимитетот на секој вршител на јавна функција, која се избира на непосредни избори, извира и им припаѓа директно на граѓаните, без разлика дали се работи за претседател на држава, пратеник, градоначалник или советник.

Бројките велат дека во 2021 година Данела Арсовска е избрана за градоначалник на град Скопје со гласовите на 118.545 скопјани, а на вчерашните избори Данела Арсовска преку својата партија во општините Гази Баба, Ѓорче Петров, Бутел, Чаир, Кисела Вода, Аеродром, Центар, Сарај и Шуто Оризари освои вкупно 2.584 гласа.

По ваквиот резултат, јасно е дека Данела Арсовска го загуби кредибилитетот да продолжи да го води градот Скопје. Скопје му припаѓа на скопјани, а не на Данела Арсовска.

Скопјани вчера ѝ порачаа на Арсовска дека е време да си замине! Затоа ја повикувам Данела Арсовска да поднесе оставка од функцијата градоначалник на град Скопје бидејќи тоа е волјата на скопјани. Време е Скопје да се врати на скопјани!“, пишува Стефковски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Зголемен водостој на реките и езерата, внимателност при возење на пат во клисурите поради можни одрони, апелира ЦУК

Објавено пред

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 1 736 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 59,79%, а 40,21% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 66,77%, кон Итната медицинска помош 24,05%, а кон пожарникарите 4,30% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 827 повика за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици (4,88%) и на тие што се именувани како „неитни повици“(40,21%). Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).

dobivaj vesti na viber

Пожари на отворено не се евидентиран во последното деноноќие, имало само во населени места.

Како резултат на врнежите од дожд што го зафатија подрачјето и на Град Скопје, Регионалниот ЦУК Скопје, известува дека на повеќе локации во градот и околината биле пријавено паднати дрвја, проблеми во снабдување со електрична енергија, а и проблеми со уличното осветлување. За пријавените итни случи во ЦУК, се известени се надлежните институции и истите интервенирале на терен.

Центарот за управување со кризи информира дека од УХМР известуваат дека водостојот на Крива Река на хидролошката станица во Крива Паланка е значително висок. Ако продолжи водостојот да расте биле можни излевања на Крива Река, по нејзиниот слив.

Од УХМР предупредуваат за внимателност при движење покрај сливот на Крива Река.

Инаку, според дневната хидролошка информација на УХМР, предвидува постепена тенденција за раст на нивото на водостојот на реките и езерата.

Имало одрони на патиштата при ваквите метеоролошки услови за коишто, по пријава на 112 во ЦУК, се ангажираат надлежни институции и претпријатија за нивно расчистување. На пример, преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, сношти околу полноќ, беше добиена пријава за одрон на патниот правец Гостивар-Маврово кај месноста „Каменоломот“. За настанатата состојба од ЦУК беа известени ЈП за одржување на магистрални и регионални патни правци, а и Сообраќајна полиција, при што нивни екипи го нормализираа сообраќајот на таа делница.

Заради можноста од одрони пожелно е да се вози внимателно на патните правци покрај коишто има карпести ридови.

Метеоролозите најавија дека и денеска, ќе продолжи локална појава на метеоролошка нестабилност, локално со пороен дожд, грмежи, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град, утре е можно мало смирување на времето, а од недела пак ќе биде пак – локално променливо. Потсетуваме за голема внимателност при појавата на локалните нагли метео промени и особена внимателност при грмежите и молњите, односно при силните електрични празнења: да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја, велат од ЦУК.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е потребно и е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија44 минути

Апасиев: Некои битки мора да ги водиме повеќе од еднаш за да можеме да победиме

„Нашиот успех на овие историски парламентарни Избори 2024 и освојувањето на шест мандати во Собранието на РМ е доказ за...

Скопје2 часа

Падна дрво во населбата Автокоманда во Скопје

Преку Единствен повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за паднато дрво на булеварот „Александар Македонски“...

Европа3 часа

Путин го избра премиерот

Рускиот претседател Владимир Путин предложи повторно именување на Михаил Мишустин за премиер во неговиот нов претседателски мандат, изјави утрово претседателот...

Свет3 часа

Германски министер: И Берлин размислува за забрана за испраќање оружје во Израел

Германскиот министер за одбрана, Борис Писториус, рече дека Берлин размислува за слични чекори по американската закана дека ќе запрат дополнителни...

Свет3 часа

Орбан по средбата со кинескиот претседател: Ја прошируваме соработката и во нуклеарната индустрија

Кина и Унгарија ќе тргнат на „златно патување“ во билатералните односи, изјави кинескиот претседател Си Џинпинг по средбата со унгарскиот...

Македонија11 часа

Зеленски и ја честиташе победата на Гордана Силјановска Давкова

Денеска, 9 мај 2024 година, на социјалната мрежа „Икс“ по повод големата победа на професорката Гордана Сиљановска-Давкова на претседателските избори,...

Македонија13 часа

(Видео) ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од Претседателските и Парламентарните избори

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, ги објави првичните резултати од одржаните претседателски и парламентарни избори. Гордана Силјановска Давкова...

Македонија19 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги постави контурите за коалирање со партиите – во фокусот се три точки

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, информира дека претпладнево одржал состанок, на кој биле поставени контурите на рамката врз која ќе го...

Македонија22 часа

Нов состав на Собранието ќе биде избран во следните 20 дена, инаугурацијата на Силјановска-Давкова најдоцна викендов

По завршувањето на парламентарните избори, следен чекор е мандатот на новиот собраниски состав да биде верификуван од ДИК. Во согласност...

Македонија22 часа

Силјановска-Давкова го победи Пендаровски со разлика од 308.632 гласа, разликата што тој ја направи во 2019 година беше 58.210 гласа

Според последните податоци од Државната изборна комисија (ДИК), во вториот круг од седмите претседателски избори во земјата Гордана Силјановска-Давкова освои...

Македонија23 часа

Македонија првпат доби жена претседател – која е Гордана Силјановска-Давкова и за што се залага

Првпат во Македонија во претседателската фотелја седнува жена откога Гордана Силјановска-Давкова, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, го победи досегашниот претседател Стево Пендаровски...

Македонија24 часа

Радев: Набргу ќе се знае дали ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска ќе работат за европската перспектива на Скопје

Бугарскиот претседател Румен Радев вели дека набргу ќе биде јасно дали новоизбраната претседателка на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска, и...

Македонија24 часа

ЗНАМ доби уште еден мандат и има вкупно шест, а ВМРО-ДПМНЕ се намали за еден и има 58 мандати, ДИК објави нови пресметки

Според последните објавени резултати на ДИК, по преброени 99,6 отсто од гласовите во избирачките места, ВМРО-ДПМНЕ освои 58 мандати во...

Македонија1 ден

„Очекувам тесна соработка за европската иднина на земјата“, евроамбасадорот Гир за изборната победа на Силјановска-Давкова

Амбасадорот на Европската Унија во нашата земја Дејвид Гир, утрово на Х и ја честиташе победата на Гордана Силјановска-Давкова на...

Македонија1 ден

Уште едена оставка од потпретседателската функција во СДСМ: Перо Костадинов се повлекува од функцијата по изборниот пораз

По Фатмир Битиќи и Перо Костадинов поднесе оставка од функцијата потпретседател на СДСМ. „Почитувани граѓани и драги сопартијци, по изборните...

Македонија1 ден

Реков дека сум доктор и дека на крајот ги давам лековите: Таравари ѝ препиша терапија на ДУИ

Откако на првичните изборни резултати освоија 13 мандати, коалицијата „Вреди“ славеше а Арбен Таравари на Фејсбук испрати порака до ДУИ....

Македонија1 ден

Мојата оставка ќе биде целосно ефективна кога тоа ќе го сторат и моите другари од раководството на партијата – од првиот до последниот: Битиќи поднесе оставка од функцијата потпретседател на СДСМ

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи со видео обраќање преку својот Фејсбук профил соопшти дека поднесува оставка од функцијата потпретседател...

Македонија1 ден

По поразот на изборите, претседателката на ДОМ поднесе оставка

Претседателката на ДОМ, Маја Морачанин преку Фејсбук соопшти дека поднесува оставка од оваа функција во партијата, по поразот на нивната...

Македонија1 ден

ДИК: ВМРО-ДПМНЕ освои 59 мандати, СДСМ 19, Европски фронт 18, ВЛЕН 13, Левица 6 и ЗНАМ 5 мандати

Државната изборна комисија ги објави првичните резултати за парламентарните избори, а бројките ги потврдија пресметките на партиските штабови. „На ниво...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Се им се удри од глава и на крај се избојкотираа самите себеси, време е ДУИ да одат заедно со СДСМ во опозиција

„Успеавме, успеавме. Победи Македонија, историска победа на народот“, кажа вечерва на прес-конференција, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. „Криминалот, корупцијата, неспособноста,...