Контакт

Македонија

Како странските медиуми ја пренесоа веста – доделен датум за ЕУ или одложена одлуката за Македонија?

Објавено пред

Странските медиуми имаа многу поразличен пристап од домашните кога се работи за одлуката на Европската Унија за доделување датум за преговори за Македонија. Додека дел од домашните медиуми објавија дека на земјава ѝ е доделен датум за преговори во јуни 2019 година, дел, пак, објавија дека ѝ е доделен условен датум, а дел, пак, дека воопшто не ѝ е доделен датум за ЕУ, голем дел од познатите релевантни европски и американски медиуми објавија наслови со кои веста се пренесува со генерален впечаток дека одлуката за доделување конечен датум за Македонија и Албанија е одложена, но и покрај тоа земјава добила „претпазливо“ зелено светло за преговорите за една година доколку продолжат реформите.

dobivaj vesti na viber

„Фајненшл тајмс“ објави наслов со зборовите „Македонија се соочува со 12-месечно чекање за преговорите за прием во ЕУ“, додека во поднасловот се известува дека одложувањето може да го комплицира одобрувањето на Договорот со Грција за името на земјата.

Американскиот „Вашингтон пост“, кој пренесува вест од агенцијата „Асошиејтед прес“, објави наслов „Преговорите за членство во ЕУ за Албанија, Македонија закажани за јуни 2019 година“. Понатаму во текстот се вели дека Европската Унија се согласила да отвори разговори за членство во Унијата со Албанија и Македонија за една година доколку реформите во двете земји продолжат да се развиваат.

Ројтерс“ известува дека „ЕУ ги одложила разговорите за балканско членство откако Франција бара реформи“. „Владите на Европската Унија во вторникот ја одложија одлуката за најмалку една година за дали да се дозволат преговори за членство со Македонија и Албанија откако Франција и Холандија не се согласија со Германија и бараа повеќе реформи. Неочекуваниот резултат и покрај широката поддршка во ЕУ, ја покажа одлучноста на францускиот претседател Емануел Макрон да ја одложи одлуката по изборите на Европскиот парламент во мај, поради стравот од антиимигрантско расположение, велат дипломатите“, пишува медиумот.

Германската „Дојче веле“ објави дека ЕУ ќе почне преговори за членство со Македонија и Албанија, а потоа пишува дека дел од земјите членки изразиле загриженост поради корупцијата и владеењето на правото во двете земји.

Политико“ пренесе дека ЕУ ја одложила одлуката за пристап на Албанија и Македонија и дека двете земји треба да покажат прогрес во подобрувањето на владеењето на правото и борбата со организираниот криминал.

„Вратата за членство во ЕУ за Албанија и Македонија останува затворена барем до јуни 2019 година, но приемот е на понуда доколку земјите покажат прогрес во реформите“, известува медиумот. Тие пишуваат дека јазикот во декларацијата им дозволува на проевропските влади во Македонија и Албанија да им кажат на своите граѓани дека вратата до евентуално членство во ЕУ е отворена. „Но на Франција и Холандија, кои се внимателни во ширењето на ЕУ кон нови земји, им дозволува да соопштат дека не е донесена никаква финална одлука“, се вели во текстот.

 

ЕУ обсервер“ објави наслов „ЕУ ги одложи разговорите за Македонија и Албанија“, додека „Еурактив“ исто така објави дека „ЕУ ги стави ‘Северна Македонија’ и Албанија на чекање до изборите во Европската Унија“.

Вол стрит журнал“ исто така објави дека ЕУ ја таргетирала следната година за преговорите за пристап со Македонија, по промената на името, додека грчки „Катимерини“ објави наслов „ЕУ ги одложи разговорите за членство за ФИРОМ и Албанија до 2019 година“.

 

 

Македонија

Денес во 18 часот состанок на Советот за безбедност поради случувањата на Блискиот Исток

Објавено пред

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за денеска закажа седница на Советот за безбедност.

dobivaj vesti na viber

Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18:00 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Советот за безбедност е највисокото советодавно тело во државата, коешто ги разгледува прашањата сврзани со безбедноста и одбраната на Републиката и дава предлози на Собранието и на Владата.

Претседател на Советот за безбедност е претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Членови на Советот за безбедност се: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски и Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија, како и Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов.

Прикажи повеќе...

Македонија

Од денеска побезбедни онлајн купувања со платежни картички

Објавено пред

Од денеска стапува во сила законската обврска за засилена автентикација при онлајн-плаќања со платежни картички. Наместо досегашната потврда со СМС-код, корисниците на платежни картички ќе добиваат известување преку мобилната банкарска апликација и ќе треба да ја одобрат трансакцијата. Потврдата се врши со ПИН за апликацијата, отпечаток од прст или препознавање лице. Без оваа потврда плаќањето нема да може да се изврши, дури и ако некој ги има податоците од картичката.

dobivaj vesti na viber

Целта е да се обезбеди заштита на паричните средства на граѓаните и на компаниите преку дополнителни сигурносни проверки на идентитетот на лицето при плаќањата без физичко присуство.

Засилената автентикација како законска обврска за давателите на платежни услуги произлегува од Законот за платежните услуги и платните системи. Таа се воведува постепено во земјата и веќе е во примена при извршување онлајн-увид во платежните сметки од страна на клиентите, како и при извршување плаќања со платежни картички на физичките продажни места или со платни налози преку електронското или мобилното банкарство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Од денеска до 5 март пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк

Објавено пред

Министерството за образование и наука ги информира студентите дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година трае од денеска  до 5 март 2026.

dobivaj vesti na viber

Правото на субвенциониран студентски оброк може да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од минималната нето плата, како и студентите запишани на постдипломски студии и на интегрирани студии на државните и на приватните универзитети во државата.

-Студентите што ги исполнуваат условите, а не аплицирале досега, може да поднесат апликација електронски преку порталот: https://e-uslugi.mon.gov.mk, се наведува во објавата на МОН каде што се наведени и условите за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк и контакти за поддршка при аплицирањето.

Студентите на кои им било прекинато правото на субвенциониран оброк, а сметаат дека ги исполнуваат условите, може повторно да аплицираат. Овој рок е, исто така, отворен за студентите кои не аплицирале во претходните активни рокови.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Откриени детали за тоа како е убиен врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи

Израел и САД го темпираа нападот врз Иран за сабота, за да се совпадне со самитот меѓу ајатолахот Али Хамнеи...

Свет2 часа

Гори Блискиот Исток, експлозии и денеска се слушаат во арапските држави во Заливот

Експлозии денеска повторно се слушнаа во арапските држави во Заливот, по убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, во...

Свет7 часа

Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост

Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој...

Свет8 часа

Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми

Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која...

Свет11 часа

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али...

Свет11 часа

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб. BREAKING: Iranian drone...

Свет12 часа

Трамп: Ајатолахот е мртов

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака: „Во возвишеното име на...

Свет12 часа

(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport. Evacuations are underway at the...

Свет13 часа

(Видео) Американците објавија снимки од операцијата „Епски гнев“: „За прв пат употребивме ново оружје“

Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека нема извештаи за американски жртви или повредени по нападот во Иран и дека...

Свет13 часа

Иран ги демантира извештаите за смртта на ајатолахот

Ирански извори остро негираа дека ајатолахот Али Хамнеи е убиен. „Можам да ве уверам дека лидерот на револуцијата е стабилен...

Македонија13 часа

Претседателката за утре го свика Советот за безбедност

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за...

Свет13 часа

(Видео) Нетанјаху: Постојат многу знаци дека ајатолахот е мртов

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им се обрати на иранскиот народ, велејќи им дека имаат „можност што се јавува еднаш во...

Свет14 часа

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов, тврдат Израелците

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов и неговото тело е пронајдено, изјави за Ројтерс висок израелски функционер. We...

Свет17 часа

(Видео) Погоден е аеродромот во Кувајт, гори хотел во Дубаи

САД и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа...

Македонија18 часа

Евакуација од Израел побарале 11 македонски државјани

Единаесет македонски државјани досега побарале евакуација од Израел, откако утринава САД и Израел го нападнаа Иран, соопштија од Министерството за...

Свет18 часа

ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран

Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна...

Свет23 часа

Четири американски воени бази на Блискиот Исток нападнати од Иран

Иранската војска вели дека започнала напади врз четири американски воени локалитети во Катар, Бахреин, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати како...

Свет24 часа

Се откажуваат летови до Израел и други земји од Блискиот Исток

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ ги суспендира летовите до и од Тел Авив, Бејрут и Оман до 7 март, откако САД и...

Македонија1 ден

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел да побараат помош, воздушниот сообраќај е затворен за цивилни летови

Во врска со последните информации за влошената безбедносна состојба во Израел, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до...

Свет1 ден

Трамп потврди дека САД започнале напади врз Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потврди дека САД започнале напади врз Иран во осумминутно видео објавено на неговиот профил на...