Македонија
Кардиохирурзите минатата година извршиле 388 операции
Хирурзите во Државната кардиохирургија, во 2016 година извршиле 388 операции од кои 150 се васкуларна хирургија, соопшти вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров, кој заедно со директорите на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Стефаноски и Орхан Рамадани ја посетија Универзитетската клиника за државна кардиохирургија.
Тодоров посочи дека за васкуларна хирургија во минатото пациентите во најголема мерка се испраќале во приватните болници, каде се вршеле интервенции во најголем дел, а сега васкуларната хирургија има и на Државната кардиохирургија.
Истакна дека еден од најеминетните професори по васкуларна хирургија во Република Србија, Душан Бабиќ, кој една година живее во Скопје, работи со македонски тим васкуларни хирурзи кои веќе имаат одлични резултати и ги работат и најкомплицираните васкуларни операции.
„Во споредба со тоа што го имавме претходните години бележиме сериозен раст на бројот на пациенти“, рече Тодоров, па така првата година биле оперирани околу триесет пациенти, потоа нешто над 100 пациенти, за оваа година да има веќе 388 операции.
Двајца доктори се враќаат од супспецијализација во Загреб, кои пред две години биле пратени на супспецијализација во Клиниката „Ребро“ во Загреб за кардиохирургија, а од март веќе ќе бидат вклчуени во Мој термин. И другите здравствените работницибиле пратени на доусовршување, а дел вбиле и во Триемли болницата во Цирих.
Директорот на ФЗОМ, Сашо Стефаноски рече дека Универзитетската клиника за државна кардиохирургија располага со 79 милиони денари буџет за 2017 година што е за 20 милиони денари повеќе од буџетот во 2016 година.
Кардиохирургот Сашко Јовев од Државната кардиохирургија рече дека го следат трендот и го работат севкупниот спектар на кардиохирушки и големи васкуларни операции.
„Одиме со се поголема бројка и одлична успешност. Веќе полека етаблираме и специјализација по кардиохирургија тука. Имаме тројца специјализанти директно по кардиохирургија, шест годишна програма, затоа што покрај мене како професор имаме и неколку визитинг професори кои постојано доаѓаат и одржуваат предавања и се во контакт со нашите специјализанти. Значи полека го етаблираме и тоа и второ специјализантите по анестезија веќе доаѓаат на турнус по кардиоанестезија и интензивна кардиохирушка нега кај нас“, рече Јовев./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

