Македонија
„Катимерини“: Грција протерува руски дипломати што се мешале во договорот за името

Грција ќе протера двајца руски дипломати од земјата за наводно мешање во постигнувањето на договорот меѓу Атина и Скопје за новото име на Македонија.
Според грчкиот весник „Кaтимерини“, Грција исто така ќе го забрани и влезот во земјата на двајца други руски дипломати за кои се вели дека извршиле активности што не се совпаѓаат со нивниот дипломатски статус.
Официјално се огласи и грчката влада, чиј портпарол, Димитрис Цанакопулос, рече дека Грција нема да толерира нешто што го крши меѓународното право.
Набргу пристигна реакција и од официјална Москва, од каде што е соопштено дека двајца грчки дипломати ќе бидат протерани од Русија. Тоа го изјавил рускиот претставник Андреј Климов, објави РИА.
Русија е цел на напади од светската јавност поради честите обвинувања дека се мешала во претседателските избори во САД на кои победи Доналд Трамп поради што се води истрага.
Исто така, според некои извештаи од меѓународни организации, но и институции во САД, Русија имала такви намери и во неколку други земји.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Тошковски: Партнерството со САД носи силна поддршка за реформи во МВР

Министерот за внатрешни работи Панче Тшоковски денес оствари тет-а-тет средба со амбасадорката на САД, Анџела Агелер.
„Средбата ја потврди блиската соработка и заедничката посветеност за јакнење на институциите и модернизацијата на системот, како темел за поуспешно справување со криминалот и корупцијата“, соопштија од МВР.
„Партнерството со САД ни носи силна поддршка за нашите реформи во МВР насочени кон професионална и ефикасна полиција, која ќе овозможи зголемена безбедност, правда и доверба кај граѓаните.“, потенцираше министерот Тошковски.
Македонија
Општина Центар: Дератизацијата не е опасност за кучињата и мачките, да не се шират дезинформации

Општина Центар ги отфрла шпекулациите дека дератизацијата претставува опасност за животните.
„Ве информираме дека дератизацијата се спроведува редовно и исклучиво од стручни лица од Центарот за јавно здравје, со употреба на методи и средства кои се безбедни и не претставуваат закана за кучињата, мачките и другите домашни миленици. Апелираме до граѓаните да не подлегнуваат на непроверени и неточни информации кои во јавноста се пласираат од одредени неквалификувани и нелиценцирани лица или организации. Ваквите дезинформации неосновано предизвикуваат страв и паника кај граѓаните и непотребно ја вознемируваат јавноста“, велат од Општината.
Македонија
СДСМ: Мицкоски пак манипулира, со инфлација од 4,8%, реалниот раст на БДП е -1,4%

Со инфлација од 4,8% повисока од растот на БДП, реалната економија оди надолу од -1.4%, а граѓаните тонат во сиромаштија, велат од СДСМ.
„Македонија е далеку од 4-та економија во Европа како што сака Мицкоски да прикаже. Неговите фалби немаат врска со реалноста. Граѓаните не живеат од статистички бројки туку од сопствениот џеб. А таму реалноста е сурова: повисоки цени, пониски приходи и намален квалитет на живот. Македонскиот БДП по жител, според куповната моќ, е само 42% од просекот на ЕУ, повисок просек од нашите граѓани има дури и земјите во регионот, Србија со 51%, Црна Гора со 53%“, се наведува во соопштението.
Од СДСМ велат дека странските инвестиции се преполовени на 221 милиони евра, од 573 милиони евра минатата година.