Македонија
(Видео) Кирацовски: Имаме поделени ставови дали да има предвремени парламентарни избори
На Централниот одбор денеска се потврди дека СДСМ е демократска партија. Имаше различни размислувања и дебата околу тоа дали да има предвремени парламентарни избори заедно со претседателските. Наредната недела ќе заседава највисокиот орган на партијата, кога ќе биде и донесена дефинитивната одлука дали ќе има предвремени парламентарни избори, рече генералниот секреатар на СДСМ, Александар Кирацовски по завршување на Централниот одбор на партијата.
„Денешната дебата се водеше од интересите на Македонија. Се разгледуваа предностите и слабостите на предлогот за предвремени парламентарни избори, заедно со претседателските. Водејќи се од интересот на граѓаните, највисокиот орган на партијата ќе заседава оваа недела и ќе донесе одлука дали ќе има парламентарни избори“, рече Кирацовски.
Генералниот секретар на СДСМ исто така информираше дека на денешниот Централен одбор на партијата донесена е одлука да се започне процедура за избор на кандидат за претседател на Република Македонија, која ќе заврши на Конгресот кој е закажан за 3 март.
Покрај постапката за избор на кандидат за претседател, Централниот одбор на СДСМ ја отпочна постапката за избор на кандидати за градоначалници во Охрид, Ново Село и Дебар.
„СДСМ на наредните избори дефинитивно оди на победа, без разлика какви ќе бидат изборите. СДСМ сака безбедна Македонија, членка на НАТО и ЕУ. Македонија со забрзана економија и повисок животен стандард“, рече Кирацовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот кон Ќафасан поради сообраќајка
Поради сообраќајна незгода сообраќајот према ГП Ќафасан е во прекин во двата правци, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Сончево време со температура до 6 степени
Времето ќе биде сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен до силен северен ветер и наместа ќе има услови за провејување на снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -4, а максималната ќе достигне од -3 до 6 степени, информира УХМР.
Во Скопје, претежно сончево и студено со умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 3 степени.
Во четврток и во петок ќе се задржи студено време со минимални температури кои насекаде ќе бидат негативни, а локално ќе се спуштат и под минус 10 степени.
Од петок и во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи, претежно од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а температурите ќе биде во пораст.
Македонија
Сообраќајна несреќа на патот Кочани – Штип, сообраќајот во прекин
Од 20:30 часот сообраќајот на магистралниот пат А-3 Кочани – Штип (с.Долни Подлог – с.Тркање) е во прекин, поради сообраќајна незгода.
Сообраќајот се пренасочува преку с.Тркање кон екпресен пат Кочани – Штип, соопшти АМСМ.

