Македонија
Ковачевски во „Бучен Козјак“: Со владините антикризни мерки го ублажуваме ценовниот шок за граѓаните
Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски ја посетија компанија од млечната индустрија „Бучен Козјак“ во Куманово. За време на посетата продискутираа со сопствениците и со вработените кои истакнаа дека континуитетот во работењето и долгогодишното постоење е она по кое се препознатливи и по кое ја стекнале довербата од граѓаните за нивните производи.
Премиерот Ковачевски по обиколката на производството истакна дека оваа компанија ги препозна нашите стратешки политики во земјоделството, кои биле од голема помош „Бучен Козјак“ да се развива, осовременува со нова механизација, стручен кадар, за нивниот квалитет да биде препознатлив кај потрошувачите.
![]()
„ Млекарницата освен што користи финансиска поддршка за поврат на инвестиции, исто така аплицирале и за субвенционирано снабдување со електрична енергија, мерка која е дел од пакетот антикризни мерки што ќе одговори на повеќето предизвици наметнати од економската и енергетската криза. Во исто време, со владините антикризни мерки сме потпора и сигурност и за работниците и за работодавците. Исто така со овие мерки овозможивме производителите на прехранбените производи да имаат стабилна и поевтина струја, а тоа очекувам наскоро да влијае и на стабилизирање на цените на производите што ги произведуваат, бидејќи целта ни беше во исто време да ги заштитиме и граѓаните од ценовните шокови. Радува фактот што „Бучен Козјак“ е дел од многуте компании кои инсталирале фотоволтаични системи, за сопствено производство на електрична енергија, со што 30% од електричната енергија си ја произведуваат сами. Со законските измени кои ги направивме освен што се олесни постапката за инсталирање на фотоволтаични системи на покривите на домаќинствата и на индустриските објекти, исто така овозможивме да се врши и размена на електрична енергија“, рече Ковачевски и додаде дека оваа Влада и понатаму ќе ги исполнува ветените обврски и кон граѓаните и кон бизнис секторот.
Министерот Николовски рече дека оваа 2022 година ќе биде запаметена како година во која комплетно ги исплативме заостанатите обврски кон земјоделците. „Подготвивме план и динамика со кој целосно ги исплативме над 20.000 сточари во вкупна вредност од 1,4 милијарди денари, кон одгледувачите на говеда, овци, пчели и кози.
![]()
Целосно ја исплативме поддршката за млекопроизводителите за периодот октомври 2020 – септември 2021, со што над 500 милиони денари завршија на сметките кај околу 6.000 млекопроизводители. Дополнителна исплата кон млекопроизводителите реализиравме преку Интервентната програма, каде исплативме 114 милиони денари кон околу 6.000 млекопроизводители.
Овие реализирани мерки од страна на Владата, уште еднаш ја потврдуваат нашата силна посветеност и грижа за секој земјоделец, за секој еден граѓанин.
Со новиот Буџет за 2023 година обезбедивме досега најголем, историски, буџет во земјоделството. Буџет чии средства се обезбедени за реализација на новата земјоделска реформа и новите програми за поддршка поставени на пет клучни столбови за поддршка”, изјави Николовски.
„ Бучен Козјак“ има традиција за купување и преработка на млеко долга скоро 40 години. Уште во осумдесеттите години оваа компанија го препознала потенцијалот за откуп на млеко во овој регион, денес дневно преработуваат 50 тони сурово млеко.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Родителите на децата загинати во Пулс порачаа дека правда мора да има
Родителите на загинатите во трагичниот пожар во „Пулс“ поладнево на „Марш за ангелите“ порачаа дека нема да дозволат одговорните за трагедијата на нивните деца да ја избегнат правдата, иако, велат на обвинителната купа седат само дел од лицата поврзани со трагедијата.
-Суштината е одговорноста. Факт е дека денес на обвинителна клупа седат дел од лицата поврзани со трагедијата. Но, исто така факт е – болен, непобитен факт – дека постојат луѓе со многу поголема моќ, обврски и надлежности, кои воопшто не се ни опфатени. Луѓе кои имале должност да спречат, а не спречиле, рече Александар Наунов, претседател на Здружението на граѓани „16 Март 2025 Кочани“.
Тој, во изјавата за медиумите, истакна дека се најавува свикување колегиум на обвинителите за повторно разгледување и евентуално ослободување на дел од обвинетите.
-Колегиумот (на обвинители) може да прегледува документи, но не може да брише факти, не може да брише пропусти, не може да брише нечии должности што биле игнорирани. Не може да избрише нечие непостапување кога тоа било прашање на живот и смрт, смета претседателот на ЗГ „16 март 2025 Кочани“.
Според Наунов, суштината не е во тоа кој трчал, кој се плашел, а кој спасувал, туку кој имал должност, а не ја извршил.
-Ние не сме овде за одмазда. Ние сме овде за правда. За ред. За систем што ќе ги штити децата – не систем што ќе ги остави да загинат. Родителите никогаш не се откажуваат. Можеби ќе нè уморите, но нема да нè скршите. Можеби ќе не одолговлекувате, но нема да не замолчите. Вистината ќе излезе на виделина, рече Наунов.
Протестниот марш денеска започна од „Паркот на Револуцијата“, а заврши пред Основниот суд и обвинителство во Кочани.
Македонија
Претседателката за утре го свика Советот за безбедност
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.
Македонија
Агресивен карцином кај 10-годишната Ева, се бараат донации
Десетгодишната Ева е девојче кое се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
„Ви се обраќам во име на моето семејство и за најважната личност во нашиот свет, Ева, која е радосно, љубопитно, отворено, храбро десетгодишно дете кое одеднаш се соочува со борбата на својот живот. Нашето мало сонце се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
Овој вид на дијагноза не може да се лекува во Македонија, бидејќи нема центри ниту експертиза за да се обезбеди потребната грижа и третман. Туморот е класифициран како високостепен и брзо се шири, лекарите советуваа итно лекување во странство во специјализирани центри.
Времето и дејствувањето се критични. Во моментов таа е примена во специјализирана клиника во Минхен – Германија, каде што ја завршуваме последната фаза од дијагностиката (закажан термин за ПЕТ/КТ скенирање следната недела, по МРИ, биопсија, рендгенски снимки и крвни проверки).
Од она што го знаеме, третманот ќе следи во три фази:
1. Приближно два месеци интензивна хемотерапија
2. Хируршко отстранување на туморот
3. Дополнителни шест месеци хемотерапија“, стои во објавата.
Средствата се наменети за покривање на трошоците за медицинското лекување во Германија. Донации за помош на малата Ева може да се дадат на следниот линк.

