Македонија
Ковачевски го советувал Меџити да разговара со Јовев за идна соработка
Иако нема никакви ингеренции за директорските места на клиниките, премиерот Димитар Ковачевски разговарал со министерот за здравство, Фатмир Меџити, за разрешувањето на кардиохирургот Сашко Јовев од функцијата директор на Кардиологија. Одговарајќи на новинарско прашање по денешната лидерска средба, премиерот Ковачевски рече дека го советувал Меџити за смената на директорот.
„Именувањето и разрешувањето директори во здравствените институции е исклучива надлежност на министерот за здравство. Јас разговарав со министерот за здравство, му кажав да ја образложи одлуката на брифинг со новинарите. Мислам дека тоа веќе го стори и да разговара со Јовев за понатамошните чекори за нивна соработка“, рече премиерот Ковачевски.
Тој е задоволен што од сите страни јасно се слушнало дека не постои политички притисок за смената.
„Министерот за здравство е тој што управува со сите организации во здравството, има над 130 директори и заменици. Тоа се колеги, се познаваат со години и одлуките треба да се носат по мерит-систем и врз основа на извештаи од органи во Министерството“, рече премиерот Ковачевски.
Министерот за здравство, Меџити, само делумно ги почитувал советите од премиерот. Утрово извести дека му предложил на Јовев да му биде советник, но и покрај најавата, не кажа конкретни причини поради кои го разреши кардиохирургот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

