Македонија
Ковачевски: Дигиталната трансформација е приоритет
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска, со заменик-претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, и директорот на Фондот за инвестиции и технолошки развој, Фестим Халили, на заедничка презентација го претставија првиот дигитален асистент во јавниот сектор, базиран на вештачка интелигенција – АДА, дизајниран за потребите на програмите за државна помош. Се работи за проект поддржан преку Фондот за иновации и технолошки развој.
Во продолжение го пренесуваме интегралното обраќање на премиерот Димитар Ковачевски од настанот:
„Република Северна Македонија се дигитализира. Нашата држава ги следи светските процеси и веќе е дел од бранот на нови, модерни дигитални трендови, кои го зафаќаат секој аспект на нашето живеење и наједноставно може да се каже – да, доаѓа АДА, кој е првиот дигитален асистент некогаш направен во Владата на нашата држава.
Тука сме да го најавиме доаѓањето на првиот дигитален асистент базиран на вештачка интелигенција, преку кој компаниите ќе може да добиваат целосни информации за условите за инвестирање во нашата земја и државната помош што ја нудиме.
АДА ги нуди сите информации за финансиска поддршка од страна на државата, а ќе се надградува и со други услуги од важност за деловниот сектор и граѓаните. Преку тоа, ќе влијаеме на зголемување на транспарентноста на сите институции, но и на намалување на корупцијата и елиминирање на човечкиот фактор во процесите.
Воведувањето на овој прв дигитален асистент, што е револуционерен чекор во нашето општество, ќе значи забрзување на процесите на давање услуги на заинтересираните граѓани и претставници на компании, кои ќе може да бидат услужени во неограничен број и тоа постојано во текот на 24 часа.
Процесот на дигитализација е незапирлив секаде во светот, па така и во нашата држава. Светските трендови се развиваат во правец на развивање и сè поголема примена на вештачката интелигенција, која е навлезена во сите сфери од живеењето, преку склопување машини и модернизација на процесот на производство, сè до помош во домовите, па дури и создавање дела и креации, кои порано биле можни единствено со помош на човекот.
Можностите што ги нуди вештачката интелигенција се неограничени. Тоа и се докажа преку брилијантниот успешен обид на творецот на вештачката интелигенција и на модерната когнитивна наука, Алан Туринг, преку декодирањето на познатата машина „Енигма“, која Германците ја употребувале како сигурен начин за комуникација за време на Втората светска војна.
Визионерските обиди на Туринг денес се реалност. Државите веќе се натпреваруваат во однос на подобрените перформанси на машините, производство на најсофистицирани софтвери и модернизирање на секојдневните навики на луѓето.
Употребата на вештачката интелигенција и компјутеризацијата се пресликува и применува и во јавната сфера, како и во работењето на нашите институции.
Па, така, илустрирано преку едноставни примери, ако порано билетите ги издаваа луѓе, сега тоа го прават машините. Физичкото плаќање сметки, кое порано беше единствено можно преку шалтери, сега е заменето со онлајн-плаќање, исто како што е овозможено и вадењето лични документи да биде по електронски пат, а она на што веќе работиме е електронски ИД за граѓаните на Северна Македонија.
Така, ги исклучуваме влијанието на човечкиот фактор, можноста за грешки и за коруптивни практики. Водени од оваа идеја, за поздравување е воведувањето на АДА-првиот дигитален асистент за јавни услуги во давањето јавни услуги, со што ги надградуваме нашите практики за дигитализација во општеството.
Како Влада која е насочена кон осовременување и следење на светските трендови, во изминатиот период поддржавме, а и ќе продолжиме да поддржуваме поголем број иновативни иницијативи. Беше формиран Националниот совет за дигитална трансформација на општеството, со усвојување на концептот за осовременување на функционирањето на сите институции.
Фондот за иновации и технолошки развој, преку своите финансиски инструменти, кофинансира 1.080 проекти, со заеднички инвестиции од речиси 112 милиони евра. Од нив, над 50 % се стартап-компании, основани претежно од млади луѓе.
И оваа година продолжуваме со силна поддршка на компаниите за инвестиции, кои ја зголемуваат конкурентноста преку иновативни идеи.
Минатата година беше трета по ред како компаниите кои реализирале инвестиции финансиската поддршка ја добија во целост, што е исклучително важно при планирање расположливи средства во услови на криза.
Лани имавме рекордна исплата од 23 милиони евра, како и рекорден број поддржани компании, 410 според Законот за финансиската поддршка на инвестициите. Бројот на компании како и буџетот за поддршка расте од година на година почнувајќи од 2017 година кога и почнавме со оваа програма.
Со цел да ги олесниме административните процедури, од 2020 година креиравме и one stop shop за инвестиции.
Сето ова го правиме со цел да им помогнеме на домашните и на странските инвеститори, да придонесеме за поголема конкурентност и ликвидност на компаниите, а преку тоа и во развојот на домашната економија. И тоа во услови на економска и енергетска криза, со цел полесно да се справиме со предизвиците и да не дозволиме нарушувања и големи нарушувања во домашната економија.
Уште еднаш да ја поздравам денешната промоција на АДА и да посакам успешна имплементација на првиот дигитален асистент базиран на вештачка интелигенција, со што Република Северна Македонија станува дел од глобалните дигитални светски трендови, рече Ковачевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Угинат балкански рис најден на патот Ресен – Охрид, постојат само 50-тина единки од овој вид
Угинат рис денеска е пронајден на патот Ресен – Охрид. Од Македонското еколошко друштво (МЕД) велат дека ваквиот случај не треба да нè остави рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-ина единки на балканскиот рис.
„По дојава од Здружението на ловци „Преспа-Ресен“, денеска на терен констатиравме дека е угинат рис на патот Ресен-Охрид. Во тек е координирана акција со Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство и Македонското еколошко друштво со цел земање примероци за анализа и транспортирање на угинатото животно на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ – Скопје заради обдукција“, велат од МЕД.
Од таму велат дека за зачувување на загрозените видови потребно е да се изградат зелени мостови.
„Ваквите случаи не нè оставаат рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-на единки на балканскиот рис. Истовремено, се јасен показател дека ако сакаме да ги зачуваме загрозените видови, мора да се планираат и градат зелени мостови преку кои животните ќе можат безбедно да се движат и да ги надминуваат пречките создадени од човекот“, велат од МЕД.
фото/Facebook/Македонско еколошко друштво
Македонија
Ѓорѓиевски на ифтарска вечера: Ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, присуствуваше на ифтарска вечера.

„Таму каде што почитта нè обединува! Вечерва, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул-Улема, присуствував на традиционалната ифтарска вечера со нашите браќа и сестри од исламска вероисповед. Во духот на меѓусебната почит, разбирање и искрена човечка блискост, вечерта помина во пријатна и топла атмосфера, испраќајќи силна порака за соживот, толеранција и заедништво. Токму ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство, а почитта, наш заеднички темел“, напиша Ѓорѓиевски.

Додаде дека рамазанските денови се денови на духовна сила, добрина, солидарност и обединување, денови кога се отвораат срцата, кога се помага на ближниот и кога уште повеќе се зацврстуваат врските меѓу луѓето.
„Да продолжиме да се почитуваме, да се поддржуваме и да останеме сплотени, за заедно да ја оствариме нашата мисија – силно и модерно Скопје и просперитетна Македонија“, напиша градоначалникот.
Македонија
Предлогот за минимална плата од 600 евра не помина на Комисија во Собрание
Предлогот минималната плата да се зголеми на 36.960 денари (600 евра) од март, денеска не помина на седницата на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика, откако официјално беше поднесен од пратеничката група на СДСМ.
Од опозицијата обвинија дека власта освен предлогот за јавна расправа го одбила и разговорот меѓу синдикатите, работодавачите и Владата.
„Предлогот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата, поднесен од пратениците на СДСМ денеска не беше прифатен на собраниската Комисија за економски прашања. За законот дебатираа само пратениците од опозицијата. Власта го одби и предлогот за јавна расправа, одби разговор меѓу синдикатите, работодавачите и Владата. Одбија решение за работниците. Одбија 600 евра минимална плата“, велат од СДСМ.
Според нив, власта има пари за луксузирање, за мебел, чанти, авион ама нема за поголеми плати за раотниците.
„Парите за авионот не е исфрлени, нема реабаланс на Буџетот, затоа што немаат намера да се откажат. Гледаме координирана кампања на 40% од медиумите кои ги држат во сопственост преку Орбан, со наратив дека „потребен е авион“. Не запираат. Има за авион. Има за мебел. Нема за плати. Дефокус не го полни фрижидерот. Со дефокус не можете да ја оттурнете главната тема и да ги оставите работниците без леб. Мислите дека со дефокус ќе се избрише сеќавањето на авионот, часовниците од 65.000 евра, чантите од 30.000 долари?“, прашуваат од СДСМ.

