Македонија
(Видео) Ковачевски за барањата на ВМРО-ДПМНЕ: Се надевам дека секој ќе остане на својот кажан збор
Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски изјави дека по лидерската средба одржуваат состаноци на ИО и на ЦО на кои партијата ќе дискутира за идните чекори откако ВМРО-ДПМНЕ не е против уставните измени.
„Состаноците доаѓаат по лидерската средба на која имаме променет став на опозицијата, каде што јасно лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека се прифатливи уставните измени и тоа е навистина нов став на ВМРО-ДПМНЕ во однос на претходниот и тоа е за поздравување. Сметам дека ова е добра основа да бидат информирани ИО и ЦО на СДСМ за идните чекори. Нормално дека ќе се отвори дискусија и ќе излеземе со заклучоци“, истакна Ковачевски пред почетокот на состаноците.
Изрази надеж дека „секој ќе остане на својот кажан збор и дека Северна Македонија ќе го продолжи својот пат кон евроинтеграцискиот процес, прво преку усвојување на уставните амандмани“, второ како што рече, преку формирање на влада која што ќе ги донесе и таа влада, како што појасни Ковачевски, да ги организира следните избори, идната година.
На прашањето дали може да се дојде до одреден компромис и да се исполнат условите и на двете страни, Ковачевски изјави: „И јас и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ бевме кристално јасни на прес-конференцијата, дека уставните измени за прв пат за ВМРО-ДПМНЕ се прифатливи. Јас сум рационален оптимист, верувам во целта, и работам таа да се оствари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Сарај, Гази Баба и Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 д 15.00 часот, дел од корисниците од село Љубин (општина Сарај), како и објектите на компаниите Мајами, Ана Компани, Мак лифт и Прилепска Пивара. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од улиците Никола Мартиновски и Азем Хајдари, Албанскиот Тетар и објектите лоцирани околу него (општина Чаир), како и дел од корисниците од село Бојане. (општина Сарај)
Македонија
Продолжува периодот на променливо облачно време со локални врнежи од дожд
Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно, претпладне и кон крајот на денот со повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11, а максималната ќе достигне од 15 до 19 степени.
Во Скопје, наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува умерен југоисточен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност ќе продолжи периодот на променливо облачно време со локални врнежи од дожд. Во петок и во деновите од викендот повторно се очекуваат пообилни врнежи од дожд (над 30 l/m² за 24 часа), локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на грмежи. Од недела утринските и дневните температури значително ќе опаднат, а на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од слаб снег
Македонија
Муцунски се сретна со еврокомесарката за проширување, Марта Кос
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево, во рамки на работната посета во Брисел, оствари средба со еврокомесарката за проширување, Марта Кос.
„На средбата беше потврдена силната посветеност на државата на евроинтегративниот пат, континуитетот во реформските процеси, како и носењето на законите што се составен дел од овој процес. Разговорот беше насочен и кон заедничките безбедносни предизвици и продлабочувањето на соработката во областа на безбедноста и одбраната“, соопшти МНР за средбата.
Еврокомесарката Кос ја изразила поддршката за европскиот пат на Република Северна Македонија и го поздравила континуитетот во реформите и фокусот на Владата по локалните избори.

