Македонија
(Видео) Ковачевски за барањето на Гаши: Секој пратеник може да предложи сѐ, но треба да има на ум зошто се менува Уставот
Секој пратеник може да предложи сè, смета премиерот Димитар Ковачевски за барањето на Африм Гаши, Билал Касами и на Изет Меџити, кои бараат со измената на Уставот да се избрише и одредницата „20 проценти“, која ја ограничува, како што рече, употребата на албанскиот јазик како официјален во земјата. Според премиерот, тие треба да имаат на ум зошто се прават уставните измени.
„Уставните измени се процедура каде што може да се дадат голем број предлози. Не сум ја видел прес-конференцијата и тоа беше кажано претходно. И други партии кажаа работи за корекции во Уставот. Но, на работната група за подготвување на уставните измени беше едногласно донесен предлог за обврските на државата за исполнување на условот од преговарачката рамка. Тоа е она на што Владата работеше. Секој пратеник има право да предложи сè. Но, секогаш треба да се има на ум зошто стратешки одреден процес се прави. Овој процес стратешки се прави за продолжување на патот кон ЕУ“, рече Ковачевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

