Македонија
Ковачевски: Од Црвенковски барам совети, со Заев зборуваме и за секојдневниот живот

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, тврди дека комуницира со сите свои претходници што раководеле со партијата.
Одговарајќи пред новинарите, Ковачевски посочи дека е во контакт со Бранко Црвенковски, кој е прв претседател на партијата, но и со Радмила Шекеринска, како и со Зоран Заев.
Со сите разговарал за разни теми. Од некои од нив барал и совети.
„Јас имам комуникација со сите експретседатели на СДСМ. Со некои почести, со други поретки. Со првиот претседател, со оглед на зафатеноста и годините, имаме помалку комуникација. Кога ми треба совет, ги слушам сите. Во однос на Бучковски, имав средба пред две недели, на која разговаравме за правни аспекти. Со Шекеринска се слушам на неделно ниво. Со Зоран Заев сум колега од факултет. Нашата комуникација е како и со други колеги од факултет, се сведува и на неполитичка комуникација за разни сфери од секојдневниот живот. Пред една недела имавме разговор и за скринингот – ме прашуваше како е и што е, но не длабински разговор“, изјави Ковачевски.
Од 1990 година до сега СДСМ имаше четири претседатели. Последно фотелјата ја презеде Ковачевски, а претходник му беше Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Зголемена фреквенција на возила на Табановце и Богородица, се чека околу половина час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце за влез и ГП Богородица за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од општините Студеничани, Шуто Оризари и Карпош без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од селата Патишка река, Елово, Црн Врв, Малчиште, викендици Држилово, Краст Јаболце, ХПП Патишка Река, општина Студеничани;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од улицата Метохиска, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од село Бардовци и кај викенд населбата, општина Карпош.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен водоводен дефект од ф 2”( цола) на улицата Коста Шахов бр.13 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Коста Шахов, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување.