Македонија
Тренчевска: За да зборуваме за еднакви можности на мажите и жените, потребни се е соодветни родово одговорни политики
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, заедно со претседателката на Комисијата за еднакви можности, Гордана Силјановска-Давкова, и претседателката на Клубот на пратеничките, Лолита Ристова, ја отвори деветтата по ред јавна расправа за новиот предлог-закон за родова еднаквост.
На расправата присуствуваа пратенички од Собранието, претставници од Министерството за труд и социјална политика и претставници од Мисијата на ОБСЕ во државата.
Тренчевска во своето воведно обраќање истакна дека овој закон се подготвува веќе извесен период и е од особена важност да се заврши во соодветно време и да вроди плод со Секретаријатот за еднакви можности, кој значително ќе ја промовира еднаквоста на мажите и жените во државата.
Претседателката на комисијата за еднакви можности, Давкова, во своето обраќање се осврна на времето кога бил донесен првиот закон за еднакви можности и истакна дека седумнаесет години од тогаш реалната ситуација е доста изменета и дека самото тоа ја наметнува потребата од донесување нов закон.
Дискусијата за предлог-законот беше конструктивна од страна на сите фактори и беа посочени соодветни критики кои според експертките ангажирани од страна на ОБСЕ ќе бидат земени предвид во изработката на финалната верзија на документот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одземена дрога испратена во мала пратка и огнено оружје од скопјанец
Одземени 30 грама дрога и пиштол од скопјанец, по заедничка акција на инспектори од Одделението за истраги при Царинската управа и крим полицијата при МВР.
Дрогата е откриена при претрес на лицето извршен откако истото подигнало пратка во Пошта пристигната од Германија. Во координација со дежурен јавен обвинител, инспектори од Секторот за контрола и истраги заедно со припадници од МВР извршија и претрес во домот на лицето каде е пронајден пиштол кој е одземен од страна на царинските инспектори, соопшти Царинската управа.
Против лицето ќе биде поведена кривична пријава до Основното јавно обвинителство.
Царинската управа согласно приоритетите во континуитет спроведува акции за сузбивање на сите форми на криминал, грижејќи за безбедноста на своите граѓани, додаваат во соопштението.
Скопје
Санкционирани 191 непрописно паркирано возило на територија на општина Центар
ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје санкционираа 191 непрописно паркирано возило кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
„Во периодот од 13.05. до 19.05.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 102 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 89 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани“, велат од ПОЦ.
За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот, се додава во соопштението на ПОЦ.
Македонија
Пожарникарите извлекоа паднат човек во реката Драгор
Регионалниот ЦУК Битола информира дека пожарникарите од ТППЕ Битола од 18.45 до 19.35 часот, со четири пожарникари и едно противпожарно возило интервенирале на извлекување паднат човек во река Драгор кај месноста „Сали Мост“.
Паднатото лице не било повредено.
Од ЦУК апелираат за голема внимателност при појава на локалните нагли метео промени, да се избегнува движење во засеци во природата, суводолици и многу блиску до речни корита… и особена внимателност при грмежите и молњите, односно при силните електрични празнења: да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја, внимателно возење, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на помали одрони при вакви променливи метео услови.
Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е потребно и е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.