Македонија
Ковачевски – Келин: Поддршка од Швајцарија за напредокот на Северна Македонија
Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, се сретна со Ирене Келин, претседателка на Националниот совет на федералниот парламент на Швајцарската Конфедерација.
На состанокот заеднички е констатирано дека Република Северна Македонија и Швајцарија се пријателски држави, кои соработуваат преку блиски билатерални односи во трите децении од нивното воспоставување, што ќе биде одбележано в година.
Ковачевски се заблагодари за големото пријателство со Швајцарија и за тоа што државата е најголем билатерален донатор во нашата држава преку проекти од важност за демократијата и секојдневниот живот на граѓаните.
На средбата е поздравена определбата за демократски развој и изразени се честитки за почетокот на преговорите со Европската Унија како стратешка цел на Северна Македонија. Исто така, оценето е дека е важен придонесот на сите политички субјекти во парламентот и во државата за натамошниот напредок на земјава.
„Носиме одлуки за добра иднина на граѓаните и на државата, со целосна заштита на идентитетските определби и на државните интереси. Практикуваме европски вредности и дома и во регионални и меѓународни рамки. Се поставивме целосно на линија на политиките на ЕУ во однос на ситуацијата во Украина, како што отсекогаш оваа земја застанувала на вистинската страна на историјата. Сега сме посветени на решавањето на предизвиците со обезбедувањето енергија и храна, со што е соочен целиот демократски свет. И од големо значење се пријателствата што ги имаме, како со Швајцарската Конфедерација, во нашите определби кон натамошниот развој на државата“, рече премиерот Ковачевски.
На состанокот е разговарано за актуелни политички прашања во Северна Македонија, како и во контекст на случувањата во светот.
Потврдена е и важноста на соработката во областа на доброто владеење, владеењето на правото, животната средина, што даваат резултати, и оценето е дека може да се унапреди и во други важни сфери. Истакната е грижата што ја покажува Швајцарската Конфедерација за дијаспората од нашата држава таму како мост во добрата соработката меѓу двете држави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

