Македонија
Ковачевски: Континуирано носиме пакет мерки за ценовна стабилност и подобар животен стандард
Владата континуирано ја следи состојбата и навремено носи пакет мерки за ценовна стабилност на домашниот пазар, порача премиерот Димитар Ковачевски, во одговор на пратеничко прашање на денешната собраниска седница.
„Со новата мерка „гарантирана цена“ која што сите ја поздравуваат и сите можат да се уверат во неа и во сите маркети, за над 50 производи во 24 категории на производи од пекарската, млечната, месната индустрија цената ја намаливме за 10% во однос на цената што тие производи ја имаа на 1 август. Тоа е реално намалување на ценовната инфлација. Со оваа одлука и мерка кај одредени производи веќе има намалување на производите над 10% додека кај некои е од 30 до 40%. Тоа исто така е видливо во маркетите. Оваа мерка ја дополнивме и со листа на гарантирана цена во која влегуваат и безалкохолните пијалоци, газирани пијалоци, негазирана вода и други пијалаци. Но, донесовме уште една позначајна мерка а тоа е нова одлука за намалување на маржите кај овошјето и зеленчукот. Со новата одлука овозможивме прво 10% намалување, најмалку 10% на цените кај пијалоците, а додека кај овошјето и зеленчукот цените се намалуваат во износи до 30%. Тоа е исто така видливо во маркетите. Гарантираната цена за сите овие прозиводи важи до 30 ноември оваа година и нормално согласно движењата таа ќе биде повторно пресликана и ако е потребно и продолжена“, посочи Ковачевски.
Појасни дека овие мерки се дополнуваат со нови кои се однесуваат на намалување на увозните давачки на одредено овошје и зеленчук, како и укинување на царинските давачки за дел од млечните производи.
„Овие мерки имаат и економски и социјален карактер, бидејќи од една страна производството кое што државата силно го субвенционира, голем дел од големопродавачите го продаваат на извозните пазари, а кај нас заради царински стапки кои постојат уште од времето на Југославија во износ од 65% за увоз на земјоделските производи се продаваат поскапи производи. И ова се се одлуки кои ги ревидираат и царинските стапки и извозните квоти и со тоа имаме веќе намалување на цените. И на храната воопшто. Тоа е факт“, рече премиерот Ковачевски.
Ковачевски посочи дека со овие, но и со останатите мерки, очекуваме дека до крајот на годината ќе имаме стабилизација на инфлацијата, што се покажа и со зголемувањето на платите во јули годинава, кога беше надминато зголемувањето на инфлацијата.
„Минималната плата која беше 8.000 денари до 2016 година, а во некои сектори и помала, во чевларската индустрија дури и по 7.000 денари, денес е 20.750 денари што е зголемување повеќе од двојно. А просечната плата од 22.000 денари денес е 37.000 денари. Што се однесува до платите во одредени сектори, платите во одредени сектори се зголемени до 40%, како што е кај докторите специјалисти, 20% кај другите лекари, во образованието минатата година се зголеми за 15% во средно и основно, и оваа година се зголеми за 15%. А со оптшиот колективен договр следува зголемување на платите на целиот јавен сектор за 10% и исплата на К-15 од 10.000 денари на секој вработен во јавниот сектор до крајот на годината. Тоа се бројки кои не се за занемарување“ потенцираше Ковачевски.
При тоа премиерот Ковачевски, посочи дека просечната пензија е зголемена за 40% во однос на она што беше во 2016 година, воведени се во пензискиот систем оние кои не ги исполнуваа условите за пензија и добиваат социјална пензија, а врз основа на новата методологијата имаме 25% зголемување на пензии во само една календарска година и следува ново зголемување на пензиите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Почина хирургот и професор Владо Јаневски
По повеќегодишно боледување, на 71-годишна возраст, денеска почина познатиот хирург, професор и доктор Владо Јаневски, сопруг на министерката за образование и наука Весна Јаневска.
Јаневски важеше за истакнат медицински професионалец кој зад себе остави значаен придонес во хирургијата и медицинската едукација. Во текот на својата кариера, своето знаење и искуство ги пренесе на бројни лекари и хирурзи, кои денес работат во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, како и во приватните здравствени установи.
Посмртните останки ќе бидат изложени утре, 1 март, во 11:00 часот, во капелата во Бутел.
Македонија
Евакуација од Израел побарале 11 македонски државјани
Единаесет македонски државјани досега побарале евакуација од Израел, откако утринава САД и Израел го нападнаа Иран, соопштија од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Во моментов воздушниот простор е затворен и не е можна евакуација.
„Согласно последните информации, воздушниот простор останува затворен најмалку до понеделник. По неговото повторно отворање ќе бидат разгледани можностите и моделите за организирање евентуална евакуација, во согласност со околностите и безбедносната состојба“, велат од Министерството.
Оттаму додаваат дека во оваа фаза,препораката до македонските државјани е внимателно да ги следат официјалните известувања на израелските власти, да постапуваат согласно безбедносните протоколи и да останат во засолништа кога тоа е наложено.
„Апелираме до сите наши државјани да се воздржат од патувања кон земјите од овој регион сè до стабилизирање на безбедносната состојба. Во случај на потреба од помош граѓаните можат да се обратат на следните контакти: Амбасада на Република Северна Македонија во Тел Авив телефон +972 54 500 8566, телефон +972 54 967 0546 и е-пошта: [email protected], како и во Министерство за надворешни работи и надворешна трговија на телефон +389 75 273 732 / +389 75 268 736 и е-пошта: [email protected]. Министерството, преку Дипломатско-конзуларното претставништво во Тел Авив, континуирано ја следи состојбата и навремено ќе ја информира јавноста за понатамошниот развој“, додаваат од МНР.
Македонија
Муцунски: Стоиме зад нашите американски сојузници
Ние стоиме зад нашите американски сојузници во справувањето со дестабилизирачките закани на Блискиот Исток, објави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.
– Соединетите Американски Држави јасно ставија до знаење дека дипломатијата е секогаш првата опција – но одвраќањето останува од суштинско значење кога постојат веродостојни ризици. Безбедноста, стабилноста и одговорноста одат рака под рака, се наведува во објавата на Муцунски на платформата „Х“.

-Во исто време, нашите амбасади и конзуларни тимови низ целиот регион се активно вклучени и работат на поддршка и помош на нашите граѓани, обезбедувајќи ја нивната безбедност и обезбедувајќи ја целата потребна конзуларна помош, се додава во објавата на налогот на министерот Муцунски на социјалната платформа „Х“.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, потврди дека САД започнале напади врз Иран во осумминутно видео објавено на неговиот профил на „Truth Social“. Во видеото, Трамп потврди дека САД започнале „големи борбени операции“ против Иран. Тој исто така вели дека целта на кампањата е да се „заштити американскиот народ“ и да се елиминираат непосредните закани што ги претставува иранскиот режим, кој го нарече „злобна група многу ужасни луѓе“.

