Македонија
Ковачевски-Ларсон Јаин: Ги јакнеме билатералните односи помеѓу Северна Македонија и Шведска
Премиерот Димитар Ковачевски денеска се сретна со новата амбасадорка на Кралството Шведска, Ами Ларсон Јаин.
Премиерот на средбата ѝ посака успешна мисија, но и изрази задоволство за одличната досегашна билатерална соработка помеѓу двете земји, како и за засилените политички и пријателски врски.
На состанокот беше ставен акцент за продолжување и унапредување на соработката помеѓу двете земји, посебно во време на шведското претседавање со Европската Унија следната година и очекувањата да добиеме силна поддршка од Кралството Шведска во евроинтеграциските процеси.
Премиерот Ковачевски истакна дека земјава е фокусирана на просперитет, а тоа може да се постигне само со добрососедски односи и европска иднина.
Амбасадорката Ларсон Јаин на состанокот изрази честитки за отпочнатите преговори на Република Северна Македонија со ЕУ и посочи дека земјата има подготвени тимови кои го водат скрининг-процесот.
Во рамки на разговорот беше изразена благодарност за шведската поддршка за зајакнување на капацитетите на институциите на Република Северна Македонија, во областа на демократијата, владеењето на правото и заштитата на животната средина, што се и дел од скрининг-процесот. Исто така беше истакнато дека Република Северна Македонија како членка на НАТО-алијансата го поддржува пристапувањето на Шведска во НАТО.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Нормализиран сообраќајот од средно Водно до св. Пантелејмон
Сообраќајот на патниот правец Р 2138 од средно Водно до св. Пантелејмон од 11.00ч. е нормализиран.
Регионалниот ЦУК (РЦУК) Скопје извести претходно дека од Општина Карпош вчера добиле информација дека патот меѓу Пантелејмон (Горно Нерези) и Средно Водно не беше безбеден за движење со моторни возило и апелираа истиот да не се користи поради голомразица.
Од 15.11.2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопштија од АМСМ.
Македонија
Мицкоски со Гренел: Се бориме за секој интерес на Македонија
За време на посетата на САД, во Вашингтон, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски оствари повеќе активности и средби со истакнати личности од американскиот политички, општествен и економски живот.
Тој се сретна и со Ричард Гренел, нов претседателски пратеник за специјални мисии и политика.
За средбата Мицкоски истакна:
„Разговаравме за актуелните случувања, за предизвиците со кои се соочуваме како држава и нашето остварување на стратешките интереси врзани со членството во Европската Унија. Воедно побарав поголемо ангажирање од нашите стратешки партнери на тој план, како и искористување на потенцијалите на економски план. Се бориме за секој интерес на државата.“, посочи Мицкоски.
Македонија
Началник во МВР нападнал лице и со службен пиштол го удирал по глава – поднесена е кривична пријава
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Б. – началник во Одделение за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „затајување“.
„На 12 јануари во Кавадарци, пријавениот физички нападнал едно лице и со службен пиштол неколку пати го удрил по главата. Исто така, на 13 јануари, противправно присвоил една рамка и пет куршуми и не ги вратил, а кои се сопственост на Министерството за внатрешни работи“, соопшти МВР.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против пријавениот ќе изрече задолжителна мерка за отстранување од работното место – суспензија до завршување на дисциплинската постапка.