Контакт

Македонија

Ковачевски: Македонскиот јазик ќе биде службен јазик во ЕУ

Објавено пред

Денеска премиерот Димитар Ковачевски имаше свое обраќање на пленарната седница на Собранието на Република Северна Македонија на која на дневен ред беше информација за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција со Советот на Европската Унија на 30 јуни 2022 година.

dobivaj vesti na viber

Во обраќањето премиерот Ковачевски упати благодарност за присуството, поддршката и признавањето на важноста на процесот, од страна на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен и за нејзината лична и институционална вклученост и посветеност на европската интеграција на Северна Македонија. Премиерот Ковачевски посочи дека ова е историска седница затоа што денес и во следните денови се одлучува за подобра иднина и за стабилна сегашност, но и за заштита и почитување на минатото.

Во продолжение е интегралното обраќање на премиерот Ковачевски:

„Почитувани граѓани,

Денес присуствуваме на исклучително значајна седница на Собранието. Иако многу пати во нашата историја политичарите честопати ја доделуваат придавката ‘историска’, сепак, тоа сосема објективно ќе го сторам и јас, и ќе додадам – денес започнуваме историска седница.

Историска седница, затоа што денес и во следните денови одлучуваме за неколку фундаменти на нашата држава. И за подобра иднина, и за стабилна сегашност, но и за заштита и почитување на минатото.

На самиот почеток, дозволете во мое лично име и во името на целата Влада присутна денес, да се заблагодарам за присуството, поддршката и признавањето на важноста на процесот, од страна на Претседателката на Европската комисија, г-ѓата Фон дер Лејен. Нејзината, вашата лична и институционална вклученост и посветеност на нашата европска интеграција значат многу за нашите граѓани и за нашата држава. Искрено благодарам за тоа.

Почитувани пратеници,

Причината зошто денес дебатираме е единствениот предлог на Европската комисија, доставен на крајот на француското претседателство, за дефинирање на почетокот на преговори со Европската Унија.

Затоа на почетокот сакам јасно и прецизно да потенцирам неколку факти.

Прво, точно е дека пред самитот на ЕУ во Брисел добивме сет на идеи, а не официјален и формален предлог. За мене, за Владата и коалициските партнери, за претседателот на државата и убеден сум за сите граѓани на државата, тој концепт не беше прифатлив. И затоа, таму каде што треба, не под маса, не во ходник, не тивко, туку пред сите 27 лидери на членките на Унијата и пред целата европска јавност, кажав гласно, прецизно и јасно НЕ.

Кажав НЕ, затоа што тој сет на идеи не беше во согласност со нашите консензуално дефинирани државни позиции потврдени тука во Собранието, со посебната Резолуција за црвените линии.

Кажав НЕ, затоа што тој сет на идеи не го гарантираше статусот на македонскиот јазик во преговорите. Кажав НЕ, затоа што тој сет на идеи не дефинираше јасен почеток на преговори и упатуваше на промена на Уставот и затворање на билатералните прашања со источниот сосед, како предуслови.

Кратко и јасно, кажав НЕ, затоа што таа основа не беше добра за македонската држава. И покажавме како се бранат државните и националните интереси.

И многу важно, ние тука не застанавме. Не се предадовме. Не одлучивме да глумиме лажни патриоти. Напротив, продолживме да бараме решение кое ќе ги задоволи државните, но и националните интереси на македонскиот народ. На истите црвени линии, но и на истата обврска да започнеме преговори.

Ние не прифаќаме и не водиме политика на „или или“. Ние водиме политика и за преговори за влез во ЕУ и за заштита на нашето достоинство, идентитет, јазик и историја.

Како резултат на тоа, и како резултат на поддршката на бројните европски пријатели, а верувајте ги има многу, успеавме да добиеме единствен, формален, заокружен, заеднички предлог на Европската Унија. На сите држави членки.

Тој европски предлог на вистински начин ги отсликува нашите дефинирани позиции.

Прво, јасно го прецизира македонскиот јазик како единствен, признат и прифатен јазик за Европската Унија. Тоа е тоа што го баравме. Нашата национална ДНК, македонскиот јазик, да биде службен и единствено официјален јазик. Да, со европскиот предлог, целиот процес на нашите преговори, сите милиони страници во годините што следат, заклучно со Актот за полноправно членство, ќе бидат напишани на македонски јазик. На македонски јазик ќе се зборува официјално и во Брисел и во сите европски престолнини. Тоа е најголемото достигнување, најважниот успех.
Второ, сите билатерални прашања со источниот сосед, но и  кои било други билатерални прашања со која било друга држава, особено соседна, не се дел од преговарачката рамка со Брисел.

Токму таа преговарачка рамка е Уставот на нашето интегрирање во ЕУ. И најважно од сè, таа е ослободена, прочистена, од ваков тип на прашања. И тоа е уште една голема работа.

И трето, со европскиот предлог се дефинира одржување на првата Меѓувладина конференција веднаш. Сега и во Брисел. Ние добиваме конечно, по 17 години чекање, и многу најави, и многу разочарувања по нив, официјален почеток на преговорите со средба на целата Влада со Европската комисија. Со сите нишани и стандарди.

Е тоа е, почитувани пратеници, единствената вистина во оваа бура на манипулации, шпекулации, лажни вести и намерни и ненамерни штети и креирање криза и дестабилизација на државата.
На ваков предлог, кој целосно ги отсликува нашите државни интереси и црвени линии, јас, Владата и претседателот на државата кажав и кажавме ДА.

И ја доставивме на увид целата Преговарачка рамка. За да биде сè отворено и на увид на целата јавност. Ништо сокриено, ништо тајно. Напротив, и како личност и сега како политичар, секогаш сум кажувал отворено, честопати и премногу отворено и искрено. Но, така е најдобро. Да знаеш кога и зошто да кажеш НЕ, и да знаеш кога и зошто да кажеш ДА.

Почитуван претседателе и пратеници,

Кажав ДА, затоа што мислам дека овој единствен, европски предлог е најдобро можно решение во моментов, но и во следниот период. Предлог кој ги задржува црвените линии и во исто време дава конечно почеток на преговори.

Многу се прашуваат со право, дали можеше да биде подобар? За секоја работа во животот, може подобро. Но, во исто време, треба да се прашаме дали можеше да биде и полош? Повторно, одговорот е ист. И сите други работи, може да бидат или да тргнат на полошо.

Но, јас не сакам да зборувам за полошите работи, како што тоа го посакуваат некои надворешни и внатрешни политички и радикални центри.

Верувам дека треба да ги најдеме подобрите работи и уште посилно да ги зацврстиме, како што предлогот тоа го овозможува за нашите темели, македонскиот јазик, посебниот и цврст историски, културен и национален идентитет.

Впрочем, за нив баравме и добивме најдобро можно решение, а не преговаравме и баравме компромиси.

Еве веќе повеќе од 30 години опстојуваме како независна и суверена држава. Граѓаните се уморни од политикантите кои цели 30 години најавуваат апокалипса, поделба и распад на државата, уморни се со право од секојдневните политикантски пророци кои ја закопуваат македонската држава, македонската историја, јазик и култура.

Имавме и досега тешки, но нужни одлуки. И кога го донесовме Рамковниот договор, и кога се носеше Договорот од Преспа. Но, државата опстоја и не пропадна. Државата не се подели, напротив влезе во НАТО и денес имаме, во услови на војна и тотална криза, лична и колективна безбедност.

И никој не успеал да го асимилира македонскиот или кој било друг народ во државата и во потешки времиња од сегашното. Векови се обидувале разни страни тоа да го направат. Не успеале тогаш, не успеале денес, нема да успеат ни утре. Бидејќи најдобра одбрана за идентитетот е токму прогресот на државата, движењето напред и конечна европеизација на државата.

Нема да дозволиме, како во време на режимот, државата да се претвори во изолирана, затворена и криминална енклава, во која политичката елита безмилосно краде и разграбува, а граѓаните бараат туѓи пасоши и работа во странство.

Ова е последна борба помеѓу деструкцијата и песимизмот и отвореноста и оптимизмот. Државата се гради секој ден, идентитетот и посебноста се почитуваат за навек, но се бранат секој ден. Пред сè дома, но и надвор. Тоа најдобро се прави кога сте дел од прогресот, од развојот, од модерното и напредното.

Нема да дозволиме, како во минатото, државата и граѓаните да живеат во постојана неизвесност, немир и дилеми што ќе биде утре.

Нема да дозволиме државата да остане на опашот на Балканот, кога сите се движат напред, и покрај нивните проблеми од различен карактер.

Нема да дозволиме идентитетските прашања да се користат како муниција во борбата за фотелји, тендери, ослободување на криминален имот и лица и држење во заложништво на цели родени и неродени генерации.

Цврсто ќе стоиме на патот на заштита на македонскиот јазик, посебниот историски и културен идентитет на македонскиот народ преку негова рамноправност со европските народи.

Цврсто ќе стоиме на патот на градење на државата како европските, со вредностите за почитување на правото, правната држава, еднаквоста, рамноправноста и развиената економија и животен стандард.

И тоа го правиме и ќе го правиме со помош на овој предлог и наш влез во Европската Унија.

Почитувани граѓани,

Јас, Димитар Ковачевски, сум Македонец од раѓање.

Знам една работа. Ниту една хартија не може да ми го одземе или намали мојот идентитет, јазик и историја, кои ме прават Македонец и за кои имам света обврска да ги почитувам и зајакнам.
Немам дилема по ниту еден основ и прашања.

И знам дека со паметен пристап, со продолжување на европскиот пат, можам да станам само поголем, подостоинствен и рамноправен Македонец, граѓанин на Република Северна Македонија и граѓанин на Европската Унија.

Јас цврсто планирам, како и досега да останам да живеам во неа. И да помогнам, и како граѓанин, но и да ја исполнам мојата обврска и одговорност како политичар, државата да биде заедничка, успешна и подобра за сите граѓани.

Со прифаќањето на европскиот предлог, Преговарачката рамка и заклучоците на Собранието, остануваме на единствениот пат, за кој повеќе од 30 години никој не понуди алтернатива. Многу значајно, почнуваме забрзано да се движиме и да ја менуваме државата, преку процесот на преговори.

Во исто време, целосно ја разбирам загриженоста на граѓаните. Токму затоа, сакам да потенцирам дека најважно од сè, се обврзуваме дека никој не смее, нема право и нема да преговара за македонскиот јазик, посебниот историски, културен идентитет и засебност, во  кое било време и за  која било причина.

Јасна, цврста и непроменлива обврска. Повторувам, за секого, во кое било време. Точка.

На крајот, почитувани граѓани и пратеници, јасно е дека овој процес не завршува денес или утре. Како што не започна денес, туку во 1991 година со плебисцит на сите граѓани.

Ова не е мој личен процес или на една партија. Ова е процес на сите партии, и вчера, и денес и утре.

Обврската за заштита на македонскиот историски јазичен и национален идентитет останува и за иднината, кога други ќе го продолжат процесот, до самиот крај.

Како што тоа го барате сега од мене, и јас тоа убедено го правам, така и јас и другите ќе го бараме истото од следните генерации политичари.

Затоа, со цврста убеденост, со чиста совест и полно срце, предлагам да го прифатиме предлогот и да продолжиме напред, со заштитено минато, со извесна и стабилна сегашност во конечно подобра иднина.

Ова го правам, не затоа што морам, не затоа што е лесно, туку затоа што силно верувам во исправноста.

Не се согласувам да плачеме на својата судбина, туку да се бориме на вистински начин, за сегашноста и иднината. Сигурни во себе и својот идентитет, без компромиси, секогаш и во сите времиња. И што побрзо, како дел од обединета Европа и дел од мирен и прогресивен регион.

Вреди да се избориме и да работиме за тоа, на тој начин. Е затоа ја барам вашата поддршка и поддршката на сите граѓани. Бидејќи државата е заедничка за сите и на сите.

Сосема на крајот, дозволете да цитирам: „Пиреј е троскотна трева, а некои ја викаат коштева. Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни ја, куби ја, таа пак не умира. Само малку да допре до земјата и пак ќе се фати, ќе оживи, ќе потера. Ништо не ја ништи таа трева“- напиша Петре М. Андреевски. Јасно, силно, вековито.

Да живеат граѓаните, да живее Република Северна Македонија!!!“ порача Ковачевски.

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Македонија

Џафери за Велигден: Обединети да продолжиме и да осигураме благосостојба денес и за идните поколенија

Објавено пред

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, во име на Владата на Република Северна Македонија и во свое име, испрати телеграма со честитки за најголемиот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден, до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископ охридски и македонски, г.г. Стефан, до Светиот архиерејски Синод, свештенството и монаштвото на МПЦ-ОА, до православните верници и до сите граѓани кои денеска го чествуваат празникот.

dobivaj vesti na viber

„Задоволство ми е во име на Владата на Република Северна Македонија и во мое име, да Ви го честитам најголемиот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден, Вам, на Светиот архиерејски Синод, на свештенството и монаштвото на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, на православните верници и на сите граѓани кои денеска го чествуваат празникот.

Велигденската порака за победата на животот над смртта е порака која влева надеж дека за животот, вреди да се преземе секој чекор на храброст и пожртвуваност, чекор кој води кон светла цел. Заедничкото добро, е благословена човекова определба, и тоа може да се постигне само ако се почитуваат основните постулати на кои упатуваат бројните примери низ историјата. Особено во денешен контекст, кога човештвото и светот секојдневно се соочуваат со најразлични предизвици кои се закана по животот, мирот, здравјето и менталната благосостојба, потребни се повеќе од кога било пораките на надеж, единство и верба во тоа заедничко добро, засновано врз практикувањето на универзалните вредности како што се хуманоста, солидарноста, одговорноста и взаемната почит.

Вашата улога има голема одговорност и јас Ви посакувам мудрост во исполнувањето на благородната мисија. Ви пожелувам празникот да го поминете во добро здравје, спокој во душата и среќа меѓу саканите, а со разбирање, меѓусебна почит и обединети, да продолжиме да ја унапредуваме Република Северна Македонија и да обезбедиме благосостојба денес и за идните поколенија“, стои во честитката од премиерот Џафери до поглаварот на МПЦ – ОА, г.г. Стефан.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија10 часа

Хрватска е привлечна за балканските работници поради платата, станува збор за многу пари

„Сезоната за извоз на работна сила практично започна веќе во април, поточно за келнери, готвачи и други работници во угостителството...

Македонија13 часа

Митрески: Заедно и сплотени да ги надминеме сите предизвици

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во име на пратениците и во лично име, упати честитка по...

Македонија13 часа

Мицкоски: Поучени од христијанските начела, да си ја сакаме државата, ближниот и да направиме се утре да биде подобро од денес

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од негово лично име и од име на партијата упати честитка до сите верници по...

Македонија13 часа

Ковачевски за Велигден: Добрината и мудроста да бидат нашиот патоказ, храбрите одлуки секогаш носат успех

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитика до...

Свет14 часа

Изборот за песна на Евровизија започнува за два дена, Шведска го очекува во страв

Мониста и штрас или пропалестински демонстрации и пароли? Изборот за песна на Евровизија, кој започнува во вторник во шведскиот град...

Македонија15 часа

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до...

Македонија16 часа

Православните верници го слават Велигден

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена...

Свет1 ден

Полјачка на миса за Меди МекКан: „Јас сум Меди. Не сум лажга. Направете ДНК тест“

Родителите на Медлин МекКен вчера вечерта не беа на бдеењето одржано по повод 17-годишнината од исчезнувањето на девојчето. Меѓутоа, на...

Свет1 ден

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека издавањето налог за апсење од страна на Русија за претседателот Володимир Зеленски е...

Свет1 ден

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Четиримесечните воени вежби на НАТО во близина на границите на Русија, наречени „Непоколеблив бранител“ се доказ дека алијансата се подготвува...

Топ1 ден

Три лица, меѓу кои и полицаец, осомничени за разбојништво и противправно лишување од слобода

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица кои како соизвршители се...

Македонија1 ден

Мицкоски: Очекувам ДУИ повторно да прави изборни нерегуларности, истураат и многу кеш во предизборието, затоа ја повикувам меѓународната заедница будно да го следи процесот

Ако ме прашувате за изборните нерегуларности кои што беа случај во првиот изборен круг, а за кои причина беше Демократската...

Топ1 ден

Уапсени крадци на автомобили – ги расклопувале за делови

Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ш.Н.(68) од Липково, поради постоење...

Македонија1 ден

Владина делегација положи свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев – одбележана 121 годишнина од неговото загинување

Владина делегација предводена од министерката за одбрана Славјанка Петровска заедно со министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова...

Регион2 дена

Тито почина пред 44 години. Дали беше херој или злосторник?

На денешен ден, пред 44 години, во Љубљана почина Јосип Броз Тито. Кој беше тој? Изгледа, за кого како. Кој...

Свет2 дена

Блинкен: Хамас е единствената пречка за прекин на огнот во Газа

Палестинското исламистичко движење Хамас останува „единствената пречка меѓу луѓето во Газа и прекинот на огнот“ со Израел, изјави вчера американскиот...

Македонија2 дена

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Во земјава денеска се одбележуваат 121 година од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев. По тој...

Топ2 дена

Две жртви во сообраќајката на патот Радовиш-Штип, уште едно лице повредено

Две лица загинаа на лице место во сообраќајната несреќа што се случи попладнево на магистралниот пат Радовиш-Штип. Во несреќата е...

Македонија2 дена

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

ЦУК информира за невообичаена и како што велат, специфична ситуација за решавање на итен случај на 112, кога куче паднало...

Регион2 дена

„Никогаш нема да ја заборавам бабата која стои, чека и го повторува името на внуката“: Мајорката која меѓу првите влезе во „Рибникар“

„Траума што се уште ја минувам и денес“, „Сигурна сум дека добро ќе се сеќаваме на тој кобен 3-ти мај,...