Македонија
Ковачевски не гледа потреба од тајни средби, со Мицкоски може да се сретне и во кафуле на улицата Македонија

Средбата со лидерот на опозицијата во пресрет на двојните избори премиерот Димитар Ковачевски уверува дека нема да биде тајна, туку ќе се одржи на јавно место. По денешната промоција на нова инвестиција во ТИРЗ, премиерот Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања, рече и дека неговата партија е во постојана комуникација со ВМРО- ДПМНЕ.
„Јас не гледам потреба од тајни средби. Кога ќе имаме средба, таа ќе биде на јавен простор, дали во Клубот на пратениците, дали во Собранието, дали на улицата Македонија, сеедно, во некое кафуле. Ние имаме комуникација на партиско ниво. Потпретседателот од ВМРО-ДПМНЕ е во редовна комуникација со заменик-претседателката на СДСМ“, рече премиерот Ковачевски.
И лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, порача дека не сака тајни средби со Ковачевски. Преку медиумите најави дека по Водици, 19 јануари, ќе имаат целосна слика за составот на техниката влада, која треба да стапи во сила на крајот на месецот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево и многу топло, максималната температура до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени.
Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на многу топла воздушна маса во текот на оваа седмица ќе се задржи сончево и топло време со умерена облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоистоичен правец.
Македонија
Се’ уште гори кај Јасен, активни пожари на четири локации низ Македонија

Денес до 18 часот се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор. Од нив, четири се активни и моментално се гаснат, додека шест се целосно изгаснати.
Активните пожари се лоцирани во различни делови на земјата. Еден од нив е во Националниот Парк Јасен во општина Македонски Брод, каде што гори мешана шума. Друг пожар е пријавен во село Теарце, општина Теарце, каде што се гори ниска вегетација. Во општина Сарај, во село Радуша, исто така се активни пожари кои зафаќаат сува трева и мешана шума. Четвртиот активен пожар е во општина Кичево, на потегот помеѓу селата Челопејци и Миокази, каде исто така гори мешана шума, соопшти Центарот за управување со кризи.
Надлежните служби постојано апелираат до граѓаните да ги почитуваат сите препораки и забрани за палење оган на отворен простор, со цел да се спречи ширење на пожарите и да се заштитат природните ресурси.
Македонија
Најмногу туристи ни дојдоа од Турција во јуни

Според податоците од Државниот завод за статистика, во јуни годинава во земјата биле регистрирани вкупно 126.415 туристи, од кои 20,1 отсто се домашни, а 79,9 проценти странски туристи.
Од странските туристи кои ја посетиле земјата во јуни 2025 година, најмногу дошле од Турција – вкупно 34.366 лица, следат Србија со 8.897, Германија со 8.011 и Холандија со 3.604 туристи.
Во периодот јануари – јуни 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 13,5%, со намалување од 2,5% кај домашните туристи и зголемување од 19,7% кај странските туристи. Вкупниот број на ноќевања во првото полугодие се зголемил за 8,5%, при што кај домашните има мало намалување од 1,1%, а кај странските зголемување од 13,3%.