Македонија
Ковачевски: Овие избори не се за бисквити и гурабии, туку се клучни за иднината
Кога ќе слушнам заканувачки тонови, тоа веднаш ме потсетува на она што се случи пред дваесет и нешто години по планините околу нас, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва со Свети Николе на митингот на Коалицијата за европска иднина.
„Гледам дека веќе растат тензиите за изборите. И има причина за тоа. Овие избори се клучни за нашата иднина. Овие избори се глас ЗА или ПРОТИВ нашата европска иднина! Овие избори не се за бисквити и гурабии. Мене тоа воопшто не ми е смешно! Затоа што кога ќе слушнам заканувачки тонови, тоа веднаш ме потсетува на она што се случи пред дваесет и нешто години по планините околу нас. Сакам да ѝ порачам на албанската заедница: ова е и ваша земја, никој не може да ви ги земе правата. Тие се запишани во Уставот. Но вие имате и одговорност. И ако се надевате дека некое незадоволство ќе се претвори во насилство, се лажете. Прво граѓаните нема да го дозволат тоа, никој здраворазумен нема да го дозволи тоа. Но, сакам да му порачам и на Мицкоски. Внимателно по патот кој сте го фатиле, затоа што и тој има последици. Секоја блокада на европскиот пат не е само стагнација, тоа е и враќање назад. Назад во 2001 година или којзнае каде. Нашето национално единство е сѐ уште кревко. Не може да си дозволиме кој било да си игра со него“, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва со Свети Николе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Центар и Аеродром
Без струја денеска ќе останат дел од корисниците од општините Центар и Аеродром.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Наум Наумовски Борче бр. 65 и околните стамбени објекти околу него. (општина Центар). Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул.Ѓорѓи Андеевиќ Кун во близина на училиштето Димитар Македонски (општина Аеродром)“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Сообраќајот на патот Скопје – Штип е во целосен прекин поради запалено товарно возило
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Лидерска средба за техничката влада, СДСМ одби да учествува
Во Клубот на пратениците денеска треба да се одржи лидерска средба на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со претседателите на парламентарните партии кои имаат пратенички групи во Собранието.
На средбата треба да се разговара за реформските закони од правосудството, за изборот на народен правобранител, за Изборниот законик и за укинување на техничката влада, но и за други прашања.
СДСМ одби да учествува на средбата. Левица најави присуство, како и коалициските партнери во Владата – ЗНАМ и и ВРЕДИ.
Вчера попладне, своето присуство го потврди и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Претседателот на СДСМ Венко Филипче, ја одби поканата со образложение дека се против тоа во иднина да нема техничка влада која, како што образложи е гаранција за фер избори, а дека за реформските закони ќе гласаат во Собрание.

