Македонија
Ковачевски – Секизќок: Македонија е важен партнер и фактор на стабилноста во регионот
Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, се сретна со Хасан Мехмет Секизќок, амбасадор на Република Турција во земјава.
На состанокот се потврдени традиционално добрите и пријателски односи помеѓу Северна Македонија и Турција и се разгледани можности за натамошен развој на соработката во областа на економијата. Констатирано е дека како партнери во НАТО за двете држави се отворени дополнителни можности за унапредување на соработката во сите области.
Разговарано е за повеќе актуелни прашања, како што се предизвиците од војната во Украина и за начините на нивно надминување, особено во делот на обезбедувањето храна и енергија. Воедно, заеднички е оценето дека дијалогот е единственото разумно решение за кое било отворено прашање.
На средбата е пренесено дека Турција гледа во Република Северна Македонија важен партнер на Балканот и дека евро-атлантските интеграции на нашата држава значат придонес во стабилноста на целиот регион.
Премиерот Ковачевски се заблагодари за континуираната и принципиелна поддршка од Турција во напредокот на нашата држава, нагласи дека Турција е меѓу значајните инвеститори во земјата и дека билатералните односи продолжуваат да се развиваат во ефикасен и пријателски дух.
Претседателот на Владата, Ковачевски, рече дека Владата на Република Северна Македонија презема конкретни чекори во поддршката на животниот стандард на луѓето и применува европски вредности во политиките, исклучиво во полза на граѓаните и на државата и на тој начин продолжува да работи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

