Македонија
Ковачевски: Со Пендаровски имаме план за членство на Македонија во ЕУ до 2030 година
Ние нудиме јасен план и визија за тоа како и до кога, односно до 2030 година Северна Македонија да стане земја членка на ЕУ, наспроти нашите политички конкуренти ВМРО – ДПМНЕ и нивниот претседателски кандидат Гордана Силјановска кој немаат ниту план, ниту визија, ниту одлучност ниту волја да тоа го направат, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денека во изјава за медиумите.
Колку е значајно што донесовме тешки одлуки во однос на влегувањето во НАТО се гледа токму денес во време кога на сите страни во светот беснеат воени конфликти. Тоа е овозможено од СДСМ, од коалиционите парнртери, и секако од одлуките кои ги донесовме. Така и ќе продолжиме ние сме гаранти за таа сигурност, безбедност и за јасна визија на државата, додаде тој.
-Од друга страна ги гледаме ветувањата кои ги дава опозицијата, ти не се ништо различни од она што го даваа на локланите избори, дури и кампањата им е иста. Исто како што ја шетаа градоначалничката на Скопје, Арсовска вечејќи дека таа ќе биде решението за Скопје, дека Скопје ќе стане најчиста метропола со електрични автобуси, со средени улици и тротоари, денес гледаме дека Скопје е најзагадениот и највалканиот град не само во регионот и пошироко. Тоа се оечкувањата кои може да ги очекуваме и од претседателскиот кандидат на ВМРО – ДПМНЕ. Со оглед на тоа и ветувањата кои ги даваат практично немаат никаков план, мерки кои би ги спровеле туку се празни ветувањата исто како што се случуваше во Скопје, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче – Костреш: продлабочување на соработката меѓу двете партии и во регионот
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска оствари средба со Бојан Костреш, претседател на Лигата на социјалдемократите од Војводина, Република Србија.
На состанокот се разговараше за продлабочување на односите и зајакнување на соработката меѓу двете партии, но и за проширување на регионалната соработка со социјал-демократските и прогресивните политички субјекти.
„Двете партии ја истакнаа заедничката посветеност на три клучни приоритети: интеграцијата на земјите во Европската унија, решителната борба против корупцијата и криминалот и заедничката борба против национализмот, како предуслов за стабилност и развој на целиот регион“.
Македонија
Тошковски: Почна пробниот период на системот „Безбеден град“, прекршоците автоматски се бележат, сопствениците добиваат известување
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот во кој е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City) по повод почетокот на пробниот период во кој сторителите на сообраќајни прекршоци ќе добиваат известување за сторениот прекршок.
Со последните измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата прекршоците документирани со технички средства – камери, сензори и уреди за снимање – се сметаат за валиден доказ. Во првата фаза системот ќе регистрира: брзо возење, минување на црвено светло, истечена важност на сообраќајна дозвола и непрописно паркирање. Во следната фаза е предвидено проширување на спектарот на прекршоци.
Кога системот ќе биде целосно пуштен во употреба, сопствениците на возилата за кои е утврден прекршок ќе добиваат СМС-порака и е-пошта со линк за преземање записник со платен налог. Прекршоците ќе може да се платат електронски, а при навремено плаќање нема да се наплаќаат дополнителни трошоци. За одредени прекршоци за кои е пропишана и мерка забрана за управување со возило, МВР ќе поднесува барање за поведување постапка до надлежен суд.
Во првите 12 часа од пробното функционирање на системот беа регистрирани неверојатни 65.000 прекршоци, од кои за поминување на црвено светло 2.800 и за нерегистриран автомобил 1.000. Оваа алармантна бројка уште еднаш ги потврдува неопходноста и оправданоста на системот, од кој очекуваме значително подобрување на сообраќајната култура, зголемена безбедност за сите учесници во сообраќајот и намалување на штетите и жртвите на патиштата.
„Со почнувањето на овој систем испраќаме јасна порака – безбедноста на граѓаните е врвен приоритет. Нема толеранција за несовесно возење, без разлика дали е во градска зона или на отворен пат. ‘Безбеден град’ е проект што штити животи и ја враќа дисциплината во сообраќајот“, истакна министерот Тошковски.
„МВР ќе продолжи со тестирањето и со унапредувањето на системот со цел негово целосно функционирање во наредната фаза“.
Македонија
Полициски службеници од Охрид на средба со претставници од Здружението на пензионерите
На иницијатива на СВР Охрид, денеска се одржа работна средба помеѓу полициски службеници од отсекот за превенција при СВР Охрид и претставници од Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца.
Целта на средбата беше размена на информации и координација околу повторните телефонски измами на претежно повозрасни лица за наводно случени сообраќајни незгоди.
Притоа, полициските службеници укажаа на потребата, Здружението низ своите активности како и низ други форми, да врши поинтензивно информирање на своите членови за телефонските измами на претежно повозрасни лица за наводно случени сообраќајни незгоди предизвикани од членови на нивните семејства.
Во таа насока, Здружението на пензионери, наскоро ќе организира трибина на оваа тема на која, членовите подетално ќе се запознаат со начините и формите на вршење на кривичното дело како и со постапките што треба да се преземат по добиено телефонско јавување. Целта е да се заштитат граѓаните од душевна болка но и од барањата на сторителите да плаќаат пари за наводна помош при понатамошната постапка за членот на нивното семејство да биде ослободен од кривичен прогон. По средбата, полициските службеници на повеќе места во градот, разговараа со повеќе граѓани и низ непосреден конатакт ги информираа за појавата со телефонските измами, за напорите на СВР Охрид за пронаоѓање на сторителите и ги повикаа граѓаните, на внимателни реакции при евентуално добиени известувања, апелираа да не наседнуваат на барањата за давање пари и итно пријавување на секое јавување.

