Македонија
Ковачевски: Стратешките комуникации на НАТО се најсилното оружје против дезинформациите и хибридните дејствија
За нас, како најнова членка на НАТО, ваквите настани се од исклучителна важност, бидејќи тие го детерминираат нашето понатамошно внатрешно организирање и делување во полето на стратешките комуникации, изјави претседателот на Владата Димитар Ковачевски во своето обраќање на НАТО конференција за комуникатори.
„ Како НАТО-членка, посветено придонесуваме кон колективната безбедност. Тоа е видливо низ изминатава година преку сите преземени активности, без разлика дали е помошта и поддршката за Украина, воените вежби Брз одговор 22 или Блесок 22 итн. Но воените и политичките активности се тесно врзани со нивната комуникација и со умешноста истите да ги доближиме што поблиску и што поточно до граѓаните. Од комуникациите и од нашата отвореност зависи дали и како граѓаните ќе разберат на кои начини работиме секојдневно на зачувување на нивната безбедност.
Иако во безбедносните кругови понекогаш преовладува мислата дека кога во јавноста нема дискусија за безбедноста, значи дека безбедноста си ја врши работата, сепак јас лично не се согласувам со таа теза. Сметам дека во ерата на дезинформациите и хибридните напади, токму стратешките комуникации имаат најважна улога во борбата и доспевот на точните и проверени информации до граѓаните, наспроти дезинформациите чија цел е да внесат немир и страв.
Воената инвазија врз Украина од страна на Русија, и огромниот наплив на дезинформации околу истата, ни покажа дека комуникациите може да имаат сериозно раздорно влијание и против таквото влијание мора да се бориме. Точно е дека Украина во овој момент одлично се справува со информациската војна, за што од сите нас имаат поддршка, но токму таа информациска војна ни покажува колкава е улогата на комуникациите во стабилноста на една земја и еден регион“, рече Ковачевски.
Според него, комуникациите и информациската сфера не биле никогаш поважни за безбедноста и стабилноста од денеска. Безбедносната криза со која се соочува Европа и светот, како и во информациската сфера преку кибербезбедноста и хибридните напади, покажува дека сите ние без разлика дали како членки на НАТО или како европски, и уште повеќе балкански земји, ќе мора да продолжиме со интензивниот фокус на ова поле, додаде тој.
„Борбата со дезинформациите е приоритет на кој работиме и крос-секторски во Владата, но и партнерски со медиумските и граѓанските кругови. Само здружениот општествен пристап може да биде одговор, бидејќи проблемот со хибридните дејствија е сложен и влијае на целото општество.
Нашите владини и министерски комуникатори, воспоставија систем на транспаретност во кој точните проверени информации се лесно достапни и кои се ресурс во борбата со дезинформациите на дневно ниво. Воспоставениот стандард и репутација на отвореност и транспарентност ги прави дезинформациите лесно демантирани, а нивните ширачи дискредитирани. Ваквата проактивност помага во намалување на ширење на дезинформациите.
Голема е одговорноста за ова на сите вас, но јас сум уверен дека сите вие сте на висина на задачата и дека успешно одговарате на сите предизвици“, порача Ковачевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството, велат од СДСМ
Гоце Наумовски, кој е надворешен советник на премиерот Мицкоски за правни работи, е предлог за нов уставен судија кој се очекува да биде изгласан наскоро, истакнуваат од СДСМ.
„Кадровско решение од кабинетот на премиерот во највисоката судска инстанца во државата.
Дополнително, Гоце Наумовски е брат на поранешниот вицепремиер за евроинтеграции од ВМРО, Васко Наумовски, со што политичките релации и влијанија се уште еднаш потврдени.
Власта ги зема под целосна своја контрола судството и обвинителството.
Го сменија јавниот обвинител и планираниот избор на обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник на ВМРО назначија за член на Судски совет. Сега советник на Мицкоски во Уставниот суд“.
Според СДСМ, додека Мицкоски од собраниска говорница им дели задачи и им кажува што и како да работат, носат закони за правосудатво кои се спротивни на препораките на ЕУ.
„Тотална партизација на државата, партиски контролирано судство, судии и обвинители од тефтерчињата. Исто како во времето на Никола Груевски.
Следува целосно погребување на правдата и правната држава“.
Македонија
Зошто Заев и Филипче дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно на закон, кои им биле мотивите и колку профитирале, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ
Во 2023 година, Владата предводена од СДС извршила измени на Правилникот за одгледување канабис за медицински цели, кои се косат со важечкиот закон што ја регулира оваа област, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Со измените во член 2 од Правилникот е предвидено канабисот да може да се одгледува и на отворен простор (површина или земјиште), иако во законот и во претходната верзија на правилникот беше утврдено дека одгледувањето за медицински цели се врши исклучиво во затворен простор.
СДС и Заев со ваквиот подзаконски акт овозможиле производство на канабис на нива, што отвора сериозни дилеми во однос на исполнувањето на ГМП стандардите. Доколку не се исполнети овие норми, финалниот производ, маслото од канабис не би можел да биде соодветно лиценциран ниту пласиран во промет за потребите на пациентите.
Владата на СДС на чело со Заев и Филипче свесно и намерно го сменила правилникот.
Во 2020 СДС на чело со Заев и Филипче имаа иницијатива за поширока легализација на марихуаната, како и на значителното зголемување на бројот на издадени лиценци за медицински канабис, особено во струмичкиот регион“.
Според владејачката партија, сомнежите и индициите за злоупотреба на производството на канабис и криминалот со дрогата дополнително се зголемија по заплената на голема количина марихуана од компанија во Ново Село, поврзувана со лице блиски на СДС и Заеви.
Прашуваат, зошто Заев и Филипче дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно на Закон, кои им биле мотивите и колку профитирале.
„Дали измените на правилникот се донесени по конкретна насока од Заев, и дали со нив се отворил простор за можни злоупотреби и незаконска трговија?
Потребни се ред, одговорност и темелна институционална истрага. Надлежните органи треба целосно да ги испитаат сите наводи и сомнежи“.
Македонија
„Филипче ја составил документацијата за модуларната болница во Тетово без елаборат за електрична енергија, кој ќе сноси одговорност за техничките пропусти поради кои загинаа 14 луѓе“, прашува ВМРО-ДПМНЕ
„Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во Тетово, каде живи изгореа 14 луѓе. За ова говоревме минатата година во „Афера – Провизии кои чинат животи’’ каде посочивме на низа пропусти и недоследности, но продолжената рака на СДС Коцевски, цврсто ги чуваше кривичните пријави и докази за Филипче во фиока“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Според сведоштвото на Кадриу, вечерта на несреќата таа била повикана да се вклучи во истрагата, а подоцна ѝ се приклучиле и претставници од обвинителство меѓу кои тогашниот ДЈО Јовевски кој дошол со двајца свои обвинители.
Улогата на ДЈО Јовевски и останатите била процесот да го држат под нивен надзор и контрола.
Според Кадриу, околу 30 милиони евра биле обезбедени за изградба на овие објекти. Светската банка тогаш одобрила средства за изградба на модуларни болници на територија на Македонија.
Венко Филипче бил министер кога се изработувала техничката спецификација за модуларните болници. Градбата на модуларната болница, била направена од панели рециклирани со пурпена, кои тогаш не чинеле повеќе од 5-6 евра. Додека пак, оние подобрите и поквалитетните, како на пример панели со камена волна кои не горат до 40 минути, чинеле околу 17 евра. Во превод, според Кадриу, овие модуларни болници чинеле околу 300.000 евра, сите, а биле обезбедени за оваа намена 30 милиони евра.
Во чиј џеб завршиле парите?
Дополнително за објектот во Тетово, не бил изработен соодветен елаборат за електрична енергија, што дополнително влијаело на безбедноста.
Зошто немало соодветен елаборат за електрична енергија?
Зошто не се користеле квалитетни материјали?
Зошто се искористени минимум од дозволените средства?
Филипче одбил алтернативни предлози за згрижување на ковид-пациенти во рамки на постојните болнички капацитети.
Филипче ја одбил понудата на тогашниот медицински директор, кој понудил сместување на КОВИД пациенти, на двата спрата во тетовската болница кои стоеле така празни. Филипче тоа го одбил, поради тоа што овие модуларни болници морале да бидат изградени.
Вистинските виновници за модуларната болница во Тетово мора да одговараат пред законите“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

