Контакт

Македонија

Ковачевски: По примерот на Конески, со дела се грижиме за македонскиот јазик

Објавено пред

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се обрати на настанот „Отворени денови на Институтот за македонски јазик“.

dobivaj vesti na viber

Премиерот Ковачевски посочи на значењето на Блаже Конески како еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик, значајна личност за македонската книжевност, филолог, преведувач, професор, прв претседател на Македонската академија на науките и уметностите, инспиративен ум за своето време, кој своето огромно знаење го става во служба на идните генерации.

„Наследството на Конески е темел на македонскиот јазик, а со тоа и темел во македонскиот идентитет и во македонската национална култура – но и со безвременско значење, поради поставеноста на Конески кон иднината како приврзаник на сфаќањето дека јазикот е жива материја. Затоа, Конески е патоказот и денес. И затоа доволно е да се препрочита Конески за да се биде спокоен и сигурен дека сме на вистинскиот пат“, порача премиерот Ковачевски.

Тој констатира дека одредницата да се работи во служба на иднината и идните генерации е аманет од Конески и тоа е нашиот пат, сега и секогаш.

„Јазикот е нашата татковина“, е неговата позната порака. Но, Конески посочил и дека: „Од нас зависи дали јазичната средина ќе биде загрозена или не“ и ова не е помалку важно. Напротив, е мотив и обврска за секој што се смета или се гледа за продолжувач на неговото дело. Денес, македонскиот јазик е официјализиран, по Обединетите нации – и во Европската Унија. Само пред неколку дена Советот на Европската Унија ја усвои одлуката за потпишување на договорот за гранично управување меѓу ЕУ и Република Северна Македонија на чист македонски јазик. Нема какви било додавки, нема какви било ѕвездички – на чист македонски јазик! Нема повеќе ни поединечни внимателни формулации од типот ‘јазикот на Блаже Конески, Матеја Матевски’ и слично. Денес, јасно и гласно, во официјални изјави, на сите европски лидери, на претставници на меѓународната заедница, прецизно се употребува терминот македонски јазик, кој е рамноправно застапен заедно со сите други европски јазици во Европската Унија. Ако јазикот е нашата татковина, а македонскиот јазик е признаен на рамноправна основа меѓу европските јазици, за што прв доказ е договорот ФРОНТЕКС, а и целокупното европско законодавство што се подготвува да се преведе и на македонски јазик – тогаш по членството во НАТО, со што ги осигуривме територијалните граници на нашата татковина, ова е конкретното признание на македонскиот јазик што го очекувавме – и осигуривме со почетокот на преговорите со ЕУ. Со државничките одлуки што ги носиме веќе петта година, потврдивме и осигуривме и европско и светско признание на македонскиот јазик и македонскиот идентитет! И јас сум убеден дека Конески денес би се чувствувал еднакво горд во постигнувањето на заштитата на нашата јазична средина – на нашата татковина, како што тој би рекол“, оцени премиерот Ковачевски.

Тој додаде и дека јазикот живее и ќе живее и преку неговата активна употреба.

„Така, наша обврска е и ние сакаме, македонскиот јазик, покрај во делата, да е зачуван и да се развива, но и активно, гордо и правилно да се употребува од граѓаните и во Скопје, и во Охрид, и во Струмица и во целата држава. За македонскиот јазик активно да живее, треба да има и луѓе што го зборуваат – и денес и во иднина. А тоа ќе се случи само ако државата им понуди иднина на младите за тие да останат тука и да го зборуваат јазикот, да го збогатат и да ја пренесат љубовта кон него на своите деца и на своите внуци понатаму. Она кон што целам со ова што го кажувам сега е дека ако нашите деца си заминат, нема да остане никој што ќе зборува на јазикот на нашите предци. А дали ќе биде тоа така, зависи само од нас. Нашата обврска како Влада во овој контекст е да направиме сè што е во наша моќ за да обезбедиме услови и да ги задржиме младите дома – нови фабрики, нови подобро платени работни места, подобра инфраструктура, подобри училишта и болници. Да се осигуриме дека во нашата иднина нема да има место за лажен национализам или лажна гордост, туку компетентност, напорна работа, трудољубивост, одговорност. Да има и љубов кон јазикот што го зборувале нашите предци и кој го зборуваме и развиваме денес ние“, рече премиерот Ковачевски.

Претседателот на Владата, Ковачевски, порача и дека Владата е цврсто определена да ги поддржи сите проекти и иницијативи во насока на негување и унапредување на употребата на македонскиот јазик и неговата афирмација во европското и светското семејство на јазици, идентитети и народи, каде што рамноправно припаѓаме.

Македонија

За неколку дена претседателката Сиљановска Давкова ќе ја има првата посета во странство

Објавено пред

За неколку дена, односно на 23 мај претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе ја има првата посета во странство. Тој ден ќе биде примена од Папата Франциск во Ватикан, а следниот ден во Рим ќе присуствува на чевствувањето на светите браќа Кирил и Методиј.

dobivaj vesti na viber

Сиљановска Давкова ќе ја посети базиликата Свети Климент каде се наоѓа гробот на Св. Кирил, а потоа и базиликата Санта мариа Маџоре каде се наоѓа плочата испишана на македонски јазик. За време на престојот во Рим, претседателката ќе биде примена од претседателот на Италија, Серџо Матарела.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Денес дожд и грмежи, можно е краткотрајно невреме со силен ветер и град

Објавено пред

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.

dobivaj vesti na viber

Минималната температура ќе се движи од 9 до 15, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Прикажи повеќе...

Македонија

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Објавено пред

Државната изборна комисија (ДИК) денеска, на 105. седница, едногласно го усвои предлогот да се повтори гласањето во Изборната единица (ИЕ) 5 на избирачките места 1470/1 и 1470 во Општина Долнени, 1.194 и 1.202 во Општина Крушево, 1844 во Општина Струга и 1272 во Општина Охрид, како и во ИЕ 6 на избирачкото место 2101 во Општина Желино. Гласањето ќе се одржи идната среда, на 22 мај 2024 година.

dobivaj vesti na viber

ДИК на седницата ги разреши и претседателите на избирачките одбори, членовите и нивните заменици во избирачките места 1470/1 и 1470 во Општина Долнени, 1194 и 1202 во Општина Крушево, 1844 во Општина Струга, 1272 во Општина Охрид и 2101 во Општина Желино.

Со оглед дека се кратки роковите за избор на нови избирачки одбори, за да биде регуларно прегласувањето, општинските изборни комисии (ОИК) ќе треба да ангажираат некои од веќе постојните избирачки одбори, или од најблиските избирачки места или некои други, и за тоа ќе треба да достават известување до ДИК.

Кампањата за повторното гласање ќе трае до понеделник, 20 мај, 00.00 часот. Притоа, ќе важат истите листи за болни и немоќни лица, ќе нема можност да се пријавуваат нови.

Според ДИК, има можност за измени и предлози за овластени претставници на кандидати. Тоа важи и за членовите на избирачките одбори кои се предложени од политичките партии.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ2 часа

Четири возила се судрија пред Клинички центар „Мајка Тереза“, неколку лица се повредени

Сообраќајна несреќа вечерва вечерта се случи на булеварот „Мајка Тереза“ во Скопје, пред влезот на Клиничкиот центар. Според првичните информации, во...

Топ14 часа

Еден починат и еден тешко повреден во несреќа во лифт во Штип

Едно лице почина, а друго се бори за живот во Клиничката болница- Штип од повреди добиени во несреќа, што според...

Топ18 часа

Бебе почина во болница во Охрид

Вчера во СВР Охрид, пријавено е дека во 8.10 часот во Општа болница во Охрид починало деветмесечно бебе. Бебето претходно...

Македонија20 часа

Вработена во МВР наплатувала по 15.000 евра за лажно посредување за социјален стан

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 41-годишна вработена како аналитичар во СВР Скопје која е...

Европа20 часа

Премиерот Фицо уште е во животна опасност, напаѓачот призна вина

Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска пред Специјализираниот кривичен суд во градот Пежинок призна вина. Состојбата на...

Топ21 час

Нема крај на нападите од улични кучиња, полицијата во Скопје доби нови три пријави

Билтенот на Министерството за внатрешни работи секојдневно е полн со пријави за настани на граѓани каснати од улични кучиња. Такви...

Македонија1 ден

За осомничениот за убиството на братот и снаата се бара притвор

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за лице...

Свет1 ден

Русија нема сила повторно да го нападне Киев, изјави Зеленски за АФП

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервју за Агенцијата Франс прес (АФП) изјави дека не верува оти Русија има сила...

Свет1 ден

Убиени тројца странски туристи и еден Авганистанец

Вчера од вооружени лица во централен Авганистан се убиени  тројца странски туристи и еден Авганистанец, а четворица странски државјани и...

Македонија1 ден

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен...

Македонија2 дена

Мицотакис со предупредување: Ако некои веруваат дека можат да го игнорираат Договорот, треба да разберат дека нивниот пат кон Европа ќе остане затворен

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис уште еднаш ја предупредува Македонија дека прекршувањето на Договорот од Преспа, со кој се реши долгогодишниот...

Македонија2 дена

Понижувани сме и навредувани, стравуваме дека прозивките ќе преминат во лични напади, реагираат Даштевски и уште петмина од ДИК

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски, и членовите Радица Ристеска, Оливер Ристовски, Борис Кондарко, Бобан Стојаноски и Абдуш...

Македонија2 дена

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Албанскиот премиер Еди Рама упати критики до официјална Софија и до сите ЕУ-членки што користат билатерални прашања за блокади на...

Македонија2 дена

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Кривичниот суд го добил барањето од Истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари за ангажирање адвокат што ќе го застапува осомничениот...

Топ2 дена

Екстрадиран Бесим Красниќи

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР и Единицата...

Македонија2 дена

„Европскиот фронт“: Ниту една влада не може да го раскине договорот со конзорциумот „Бехтел и Енка“

„Европскиот фронт“ смета дека е неприфатлив и невозможен чин раскинувањето на договорот со „Бехтел и Енка“. „Ниедна влада не може...

Македонија2 дена

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, негира дека тој или неговата правна канцеларија го подготвиле или учествувале во изготвувањето...

Топ2 дена

Пронашле граната од Првата светска војна и ја однеле во Полициската станица Берово

Регионалниот ЦУК Штип известува дека, вчера, во 12.30 часот, во станицата на Полициската станица Берово беше донесено неексплодирано убојно средство,...

Свет2 дена

Извикал „Робо, дај ми рака“, па пукал кон словачкиот премиер – кој е човекот што стои зад атентатот на Фицо

Словачкиот премиер Роберт Фицо, кој беше застрелан во средата, сѐ уште е во тешка состојба. Според словачките медиуми, се очекува тој...

Свет2 дена

(Видео) Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

Француската полиција уби вооружен маж, кој се обиде да запали синагога во северозападниот град Руан, соопшти францускиот министер за внатрешни...