Македонија
Ковачки: Одговорност од Ковачевски и Петровска, ангажирале професор кој го плаќале од МО за да работи за СДСМ

Додека угледниот професор по право којшто СДСМ го понижи и го направи партиски бот, јавно призна дека земал државни пари за пишување партиски текстови, јавноста остана без одговори од страна на надлежните во Министерството за одбрана и Владата, соопшти пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.
„ Останува неодговорено колку такви договорци на дело – професионални партиски ботови СДСМ и ДУИ имаат распоредено по институциите.
Чувствува ли Славјанка Петровска одговорност? До кога ќе молчи Димитар Ковачевски за овој скандал што е слика на македонската беда и јад што владее во институциите под јаремот на СДСМ и ДУИ? Ќе ги врати ли парите угледниот професор – бот?“ напиша Ковачки на Фејсбук.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце за излез од државата се чека околу 30 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен, извести АМСМ.
Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за излез е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Дел од Аеродром денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:30 часот, корисниците на улица Филип Богдански, општина Аеродром;
· од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од дел од улицата Црноризец Храбар, од бр. 2 до бр. 20., општина Аеродром.
Македонија
Сончево со мала до умерена локална облачност, температурата до 32 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Попладне во планинските региони ќе има услови за локален слаб дожд.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 31 степен.
Времео во наредните денови
Во вторник претежно во планинските региони ќе има услови за локален слаб дожд. Дневните температури ќе бидат малку под просекот за овој период од годината. Од средината на следната седмица времето ќе биде сончево и потопло со пораст на дневната температура.