Македонија
Ковачевски: Северна Македонија припаѓа во ЕУ, процесот не смее да запре
Македонскиот премиер Димитар Ковачевски и премиерот на Република Словенија, Роберт Голоб, денеска, во Љубљана, потпишаа заедничка декларација за зајакната соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Словенија. Притоа е оценето дека денешните средби и потпишаната декларација се уште еден јасен одраз на искреното, долгогодишно и цврсто пријателство и партнерство меѓу двете држави, како и патоказ за натамошната соработка.
„Денеска, направивме пресек на нашите севкупни односи. Разговараме и за други актуелни и важни регионални и меѓународни прашања, меѓу кои, секако, и за војната во Украина и за нашето сојузништво и обединетост по тоа прашање.
Се договоривме и ќе се залагаме за зајакнување на билатералната соработка преку редовен политички дијалог, вклучително и преку одржување меѓувладина седница во текот на 2023 година за сите важни области за граѓаните. Заедно ја потврдивме потребата за зајакнување на стабилноста на регионот, особено во актуелниот геополитички контекст, кога треба да се сочуваат европскиот мир и безбедност.
„Силно верувам дека ќе останеме посветени и успешно ќе чекориме на европскиот пат, иако некои внатрешни и надворешни сили можеби не го посакуваат тоа“, порача Ковачевски.
Словенечкиот премиер Голоб на прес-конференцијата оцени дека Словенија и Северна Македонија се на иста линија и нè соединуваат одлични билатерални односи и меѓу народите.
Порача дека процесот на пристапните преговори, кој почна лани, не смее да запре и ја нагласи поддршката за натамошниот тек на евроинтеграциите.
„Приближувањето кон ЕУ не смее да сопре и тоа е клучната порака. Веруваме дека евро-атлантскиот пат на Северна Македонија е еден од најзначајните гаранти за стабилноста на Западен Балкан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Без струја делови од општините Илинден и Кисела Вода
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска, без електрична енергија ќе останат делови од општините Илинден и Кисела Вода.
Од 08:30 – 09:30 часот, корисниците од улицата бр. 34 во населба Илинден, општина Илинден ќе немаат струја.
Без електрична енергија од 09:00 – 13:00 часот, ќе бидат корисниците од дел од улицата Востаничка во општина Кисела Вода.
Македонија
Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК
Управниот суд оформи седум предмети за поднесените тужби од „Европскиот фронт“, кои се против одлуката на Државната изборна комисија (ДИК) за одбивање на приговорите за парламентарните избори.
„Со оглед на роковите за постапување и одлучување, Управниот суд итно ги презема сите процесни дејствија согласно Изборниот законик“, се вели во соопштението.
- Решение бр.УП1 бр.10-21/2 од 14.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, оформен е предмет УРП.бр.87/24;
- Решение бр.УП1 бр.10-21/1 од 14.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, оформен е предмет УРП.бр.88/24;
- Решение бр.УП1 бр.10-15/1 од 14.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, оформен е предмет УРП.бр.89/24;
- Решение бр.УП1 бр.10-17/2 од 14.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, оформен е предмет УРП.бр.90/24;
- Решение бр.УП1 бр.10-17/1 од 14.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, оформен е предмет УРП.бр.91/24;
- Решение бр.УП1 бр.10-6 од 14.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, оформен е предмет УРП.бр.92/24;
- Решение бр.УП1 бр.10-19/1 од 14.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, оформен е предмет УРП.бр.93/2
Попладнево Управниот суд одржа јавна седница по тужбата на „Вреди“. Судот одлучи дека постапката се прекинува откако претставникот на коалицијата изјави дека тужбата ја повлекува во целост.
Македонија
Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители
Главен предизвик ќе бидат реформите во Судски совет и Советот за јавни обвинители. Наша цел е да ги распуштиме овие кои довербата во правниот систем ја сведоа на едноцифрена бројка проценти, и наместо нив самите судии и обвинители да си ги изберат своите претставници преку тајно гласање, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото обраќање на Самитот Македонија 2025.
Мицкоски потенцираше дека владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема намера ниту да поставува и предлага свои луѓе преку измени во законот, нити има намера да се мешаме, во овие две тела.
– Исто така наша обврска ќе биде да обезбедиме независен буџет, врзан со проценти од централниот за да бидат целосно автономни, за да не бидат потоа политичарите изговор на некој од тие корумпирани поединци во судство и обвинителство дека тие им правеле притисок. Сами да се изберат и сами да функционираат, а ние ќе правиме оверсајт на таа работа преку собраниска комисија во која ќе има претставници и на власта и на опозицијата, истакна Мицкоски.
Мицкоски нагласи дека целта е комплетна автономија во правниот систем.
Но ако забележиме било какво влијание од поранешни политички елити или други точки на влијание ќе има сериозна кривична одговорност. Немаме намера ниту милиметар да отстапиме, изјави Мицкоски.