Македонија
Коле Штерјев другпат ќе дал изјава за претставките до Советот на јавните обвинители

Коле Штерјев, претседателот на Советот на јавните обвинители, по денешната седница, на која, меѓу другото, се расправаше за претставката на судијата Владимир Панчевски за постапувањето на обвинителките Катица Јанева и Ленче Ристоска при претресот на неговиот дом, одби да даде изјава за медиумите. По седницата, рече дека давањето изјави само за одредени претставки би создало впечаток дека се прави селекција во информирањето на јавноста.
Како што дознаваме, подносителот на претставката, Панчевски, ќе добиел писмена информација за одлуките на Советот. Советот на јавните обвинители, иако доби нова веб-страница, сепак останува затворена институција за комуникација за јавноста. Ова тело нема лице за односи со јавноста, претседателот ги дава изјавите по желба, а при соопштенијата досега е напишан само датумот на седницата, но не и дневниот ред со точките за кои треба да се расправа.
Советот на јавните обвинители на денешната презакжана седница расправал за претставката на судијата Владимир Панчевски за претресите во неговиот дом во истрагата на специјалното јавно обвинителство. Претставката е за постапувањето на обвинителките Катица Јанева и Ленче Ристоска.
Панчевски ја оспори наредбата за претрес од септември 2017 година издадена од гевгелискиот суд и тврдеше дека стварната надлежност за постапување против него ја има Основниот суд Скопје 1, а не судот во Гевгелија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Лажна дојава за бомба ноќеска на скопскиот аеродром

Ноќеска во 02:41 часот, на телефонскиот број за итни случаи 112 е добиена пријава за поставена бомба во авион кој требало да полета од „Меѓународниот аеродром Скопје“ кон Турција.
Како што соопшти утрово Министерството за внатрешни работи, се работи за лажна дојавата за бомба на скопскиот аеродром.
-Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни активности и извршени се потребните проверки од страна на антитерористичката единица при МВР и утврдено е дека пријавата е лажна, односно дека нема никаква експлозивна направа, велат од МВР.
По завршувањето на проверките, околу 06:00 часот, аеродромот продолжи со редовно работење.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 36 степени.
Според прогнозата на УХМР, во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди.
-Во недела попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во првите два дена од новата седмица на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локално невреме со засилен ветер и изолирана појава на град, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Скопје
Без струја утре неколку улици во Центар и Чаир

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН известува дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре, без електрична енергија ќе останат:
· од 06.00 до 11.00 часот, корисниците на улица 6 и дел од улица 4 во Сарај. (Општина Сарај )
· од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од дел од ул. Даме Груев и дел од ул. Свети Кирил и Методиј. (Општина Центар