Македонија
Конференцијата на ОБСЕ ќе нè чини далеку помалку од 5 милиони евра, работиме домаќински, уверува Османи
Постапуваме најдомаќински и во согласност со меѓународните стандарди кога е во прашање организацијата на конференцијата на ОБСЕ во Скопје, уверува министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
Бидејќи ова е најголемата операција досега, како што вели, трошоците се дефинирани однапред.
И затоа при утврдување на буџетот имавме приближна идеја колку ќе бидат трошоците.
Според искуствата на другите држави, како што објасни Османи, се претпоставува дека самата конференција ќе чини околу 5 милиони евра.
„Ние сме далеку под тие средства“, потенцира Османи.
Во однос на возилата појасни дека сите стандарди на ОБСЕ се утврдени во водичот.
„Дури и тип на возила, марка на возила, простор, број и слично. Договорот што го постигнавме со рент-а-кар агенцијата е рамковен договор како резервен план. Во договорот е утврдена цена на возило и на ден. И во него јасно стои дека МНР нема обврска да ги користи сите возила, туку толку колку што ќе има потреба. Кога ќе ги исцрпиме сите домашни институционални капацитети, министерски возила, возила на СЗРО, возила од други институции, комбиња, автобуси, сè што ќе можеме да најдеме, тогаш остатокот што нема да може да го обезбедиме, ние веќе имаме од каде да обезбедиме возила. Јавен тендер беше спроведен. Сите рент-а-кар агенции беа информирани, но, за жал, имаше една понуда“, истакна Османи.
Во однос на прашањето колку од трошоците за организација на настанот отпаѓаат на Македонија, Османи додаде дека главно трошоците се на државата.
„Ги разбирам реакциите затоа што ние не сме навикнати на настан од вакви димензии, ова е веќе друга лига за државата. Но, и настанот од такви димензии се разбира дека има одредени трошоци“, рече Османи.
Во подготовка на самитот, како што соопшти, учествуваат над 200 луѓе од МНР, ќе учествуваат 76 делегации од земји членки и партнери на ОБСЕ, а се очекуваат околу 1.000 член на делегациите. Ќе биде обезбеден и чартер-лет од Брисел за Скопје, а некои делегации ќе дојдат со свои авиони.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“
Државната изборна комисија денеска почна со разгледувањето на 27 приговори поднесени од политичките партии по одржувањето на парламентарните избори на 8 мај. Oд поднесените приговори од коалицијата „Влен“, досега, ДИК прифати еден, а еден отфрли.
До ДИК се поднесени 27 приговори, девет од коалицијата „Влен“, осум од ВМРО-ДПМНЕ, пет од СДСМ и четири од Левица.
Прифатениот приговор се однесува за гласањето на избирачкото место 2102 во Желино.
Како што пишува во приговорот, тој е поднесен бидејќи 110 гласачи кои го оствариле избирачкото право немале отпечаток од прст во фингер принт уредот, туку тие гласале само по матичниот број и скенирање на личната карта.
Вториот приговор поднесен од „Влен“ кој беше одбиен, се однесуваше на избирачкото место 1953 во Тетово – шестата изборна единица.
Македонија
Арсовска: Знаат да склучат договор за рентање луксузни коли за да се вози Талат, а не знаат да си ја искосат тревата во сопствениот двор
„ВД Премиерот Талат од Форино дал насоки за нов напад од некаков си секретар на Владата, кој подеднакво не знае што му е работата“, напиша градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на социјалните мрежи.
„Знаат пред некој ден да склучат договор од 2,2 милиони евра за рентање луксузни коли за да се вози Талат, а не знаат да си ја искосат тревата во сопствениот двор.
Еве да ги потсетиме на договорот што го склучиле за одржување и косење на дворот во Влада и тоа за 330 илјади евра!“, додаде Арсовска.
Техничкиот премиер Талат Џафери, по отчетот за сработеното во првите 100 дена од Владата што ја предводи, даде објаснување за порасната трева околу Владата за што имаше многу реакции од граѓаните. Одговарајќи на новинарско прашање за тревата, Џафери објасни дека тоа е обврска на Град Скопје.
Скопје
После 30 години целосно е реконструирана улицата ,,Марко Орешковиќ” со краците
После 30 години целосно е реконструирана улицата „Марко Орешковиќ” со нејзините краци. Обновата на оваа сообраќајница која имаше видливи оштетувања беше големо барање од жителите од овој дел на општината кои се жалеа на лошите сообраќајни услови и за возилата и за пешаците и претставува целосно исполнување на ветувањето што им го даде градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, известува општина Кисела Вода.
„Обновата низ целата Кисела Вода која досега опфати преку 50 км улици и патишта не запира. Улицата „Марко Орешковиќ“ која сега е комплетно реконструирана, во минатото беше сообраќајница која имаше големи оштетувања кои го отежнуваа движењето и за пешаците и за возилата, но и покрај тоа, не била реконструирана над три децении. Зафатот се одвиваше на потегот од улицата „Мариовска“, опфаќајќи ја улицата „Марко Орешковиќ“ и нејзините краци.
Улицата добива и паркинг простор за уште поголемо олеснување на сообраќајот. Во овој дел од општината живеат околу 800 лица кои до поранешните раководства на Општината, цели три децении упатувале барања за реконструктивни активности, но за жал, досега не наишле на позитивен одговор. Тоа денес е минато. Она што од мене им беше ветено, денес е реализирано во целост! И овде не застануваме. Продолжуваме со градежните активности низ сите населби и населени места за да бидеме уште еден чекор до целта – до крајот на мојот мандат, а и многу порано од тоа, Кисела Вода да нема неасфалтирана улица! Мојот народ заслужува“, истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.