Македонија
Костадиновска-Стојчевска: Нашиот македонски јазик е заштитен, недопирлив и единствен
Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска се обрати на чествувањето на 21 Февруари, Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, од каде што се испраќа единствена порака: „Јазиците се важни!“.
– Нашиот мајчин јазик, македонскиот јазик, е реалност во светската ризница на јазици, низ науката, културата и образованието. Заштитен, недопирлив, единствен. Изминатиот период Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ беше наш партнер во изработката на новиот Закон за употребата на македонскиот јазик, кој е траен влог за нашиот идентитет и посебност. Со ова покажавме и дека научните работници, со поддршка од институциите, се вистинскиот и најсилниот бедем во заштитата на нашата култура и историјата на нашиот јазик – рече министерката за култура.
Костадиновска-Стојчевска дополни дека Министерството за култура, преку Годишните конкурси за поддршка на проекти од национален интерес и преку другите механизми, секогаш е партнер и поддржувач на процесите на зачувување и промовирање на мајчиниот јазик, не само на македонскиот туку и на сите јазици што се говорат во нашето општество.
– Горди сме на политиките што ја градат Северна Македонија како граѓанска држава, но и на промоцијата на мултикултурализмот, како европска вредност, никогаш не треба да биде оспорувана од никого и мора да ја негуваме и постојано да ја развиваме – нагласи министерката за култура.
Таа додаде дека македонската научна, образовна и културна средина поседува врвни научници, учители, истражувачи, професори, автори, писатели, медиумски работници и поединци, кои во изминатите децении дадоа значаен придонес за заштитата на македонскиот јазик, на неговата богата лексика, синтакса и на неговата посебност.
Честитајќи го Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, Костадиновска-Стојчевска додаде дека е наша обврската правилно да го користиме и да го унапредуваме мајчиниот јазик, но и да ги цениме и да ги почитуваме јазиците на нашите сограѓани.
На свеченоста, на која настапија и ученици со изведба на творби на македонски, српски, албански, ромски, босански, турски и на знаковен јазик, се обратија и директорката на Институтот, професор д-р Елена Јованова-Грујовска, и професор д-р Борче Арсов.
Генералната конференција на УНЕСКО на своето 30. заседание во 1999 година, на предлог од Бангладеш, го прогласи 21 февруари за Ден на лингвистичка и културна разновидност и мултилингвизам. Промоцијата на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик и усвојувањето на Декларацијата за културна различност беа во 2000 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

