Македонија
(Видео) Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи законот за ЈО наместо да го блокира Собранието со амандмани
Пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов, од собраниската прес-сала уште еднаш ги повика пратениците да застанат зад законот за Јавно обвинителство, кој, според него, е клучен за неселективна правда и независно судство. Костадинов не кажа децидно дали е обезбедено 2/3 мнозинство и кога може да се очекува пленарна седница на која ќе се носи законот за Јавно обвинителство и додаде дека во собранието се одвиваат координативни средби по кои ќе знае кога ќе биде закажа седница.
„Моментално се одвива координација помеѓу претседателот на Собранието и координаторот на партијата. Секој ден повикуваме и ќе повикуваме не само до парламентарното мнозинство туку и до пратениците од ВМРО ДПМНЕ. Дали ќе одлучат да застанат на страната на правдата или ќе останат да ги бранат интересите на група бандити во нивните редови. Ги повикувам пратениците да се изјаснат по сопствено убедување да го поддржат законот кој доби поддршка и од меѓународната заедница. И ние не собираме мнозинство, затоа што сите аргументи се на наша страна за разлика од ВМРО ДПМНЕ, кој врши притисоци врз колегите да не гласаат за законот”, рече Костадинов.
Пратеникот Костадинов ја повика опозицијата да заземе став, бидејќи, како што рече, на граѓаните не им е јасно како ќе постапуваат откако вчера лидерот на партија Мицкоски повикал пратениците да го напуштат Собранието. Тој вели дека во меѓувреме пратениците за повеќе закони поднеле над 5.000 амандмани со што според него е блокада за носење на законите.
„Хипотетички не можам да зборувам. Мицкоски кажа пратениците по 12 февруари да не бидат во Собрание. Денеска имаме над 5.000 амандмани, меѓу кои за Законот за минерални суровини и Законот за безбедност во сообраќајоот. Треба да одлучат како ќе постапуваат и да си најдат одговор на прсшањето дали овој кризен штаб на ВМРО ДПМНЕ, ќе ја втурне партијата во уште подлабока криза”, рече Костадинов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

