Македонија
(Видео) Костадинов: Мицкоски вадел пари од ЕЛЕМ и им ги давал на своите партиски другари
Додека граѓаните плаќале 100 проценти повисока цена на струјата, Христијан Мицкоски како тогашен директор на ЕЛЕМ, народните пари расипнички и криминално им ги раздавал на лица од ВМРО-ДПМНЕ, обвини портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.
Тој рече дека скандалот поврзан со Мицкоски покажал како преку договори за адвокатски и советодавни услуги народните пари ги исмпупувал за да завршат кај Панче Тошковски, негов пријател од ВМРО-ДПМНЕ.
„Првиот договор Мицкоски го склучил во 2016 година тежок 1,6 милион денари за две години. Само по 5 месеци, во март 2017, Мицкоски склучил нов договор, вреден нови 8.850.000 денари, за адвокатски услуги. Само со овие два договора, за пет месеци, извршителот Мицкоски му обезбедил на Тошковски од ВМРО-ДПМНЕ 170.000 евра, пари на граѓаните. Еве ги почитувани некои од исплатите кон Тошковски обезбедени од извршителот Христијан Мицкоски. Само на оваа картичка се гледа исплата на 2 милиона и 655 илјади денари кон партискиот другар на Мицкоски, Панче Тошковски. Еве, почитувани, како извршителот Мицкоски на расипнички и криминален начин парите ги вадел од ЕЛЕМ и им ги давал на свои партиски другари“, рече Костадинов.
Од СДСМ велат дека сите документи што ги добиле и кои се индиции за криминал и расипништво со парите на граѓаните од страна на Мицкоски, ќе ги предадат до надлежните институции.
„Со усвојувањето на законот за Јавното обвинителство создадени се сите услови за надлежните институции да дејствуваат и да донесат правда. Никој, па ниту Груевски и Мицкоски, не ќе се спасат од одговорност. Освен со правдата, Груевски и извршителот Мицкоски на 12 април ќе се соочат со нов пораз од граѓаните“, додаде Костадинов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Европски фронт: Скандалозен јавен политички притисок врз Управниот суд од страна на поразените на изборите
Европскиот фронт со голема загриженост ги проследи денешните скандалозни заканувачки изјави на лидерите на опозицијата кои загубија на претседателските и парламентарните избори кон Управниот суд, соопштија од оваа партија.
Европскиот фронт, како што велат, ги регистрирал заканитеи ја известил целата меѓународна заедница и сите локални и меѓународни институции за јавните изјави со закани како и обидот за изборен инженеринг со надворешно-институционални меѓупартиски договори за гласање и надгласување во Државната изборна комисија, како и со партиски притисоци до управниот суд.
Според нив, таквиот обид за изборен инженеринг има за цел да го промени односот на бројките во Собранието преку политички договор на маса.
„Со политички договори и монструозен антидемократски план, изготвен во партиските штабови на ВМРО, СДСМ и Влен, се прави обид да се наруши волјата на граѓаните.
Седницата на Државната изборна комисија беше скандалозна демонстрација на прегласување и суспендирање на принципите на Охридскиот договор.
Ги повикуваме сите институции да постапат согласно Законот, без партиски или политички директиви од која било партија и да го заштитат кредибилитетот на изборниот процес до крај, без да се стави никаква дамка на волјата на граѓаните изразена на изборите“, реагираат од Европскиот фронт.
Македонија
Мицкоски на средба со „Македонија 2025“: Следува забрзан економски развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Гордана Кочоска Димитриеска, членовите на ИК Сања Божиновска и Трајко Славески, меѓународниот секретар Стефан Андоновски и Зоран Ставрески, оствари средба со раководството на Македонија 2025.
На средбата беше потенцирана потребата од забрзан економски развој на Македонија и трансформација на државата, за што претседателот Мицкоски кажа дека е еден од приоритетите на ВМРО-ДПМНЕ како идна влада.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможи регулативна предвидливост за компаниите, поволен и ефикасен даночен систем и даночна администрација.
Воедно потенцирано е дека владата ќе работи на целосна дигитализација и на институциите и на услугите.
„За да се подобри животниот стандард на граѓаните, потребно е да се подобри бизнис климата, што е еден од главните приоритети на ВМРО-ДПМНЕ“, рекоа оттаму.
Македонија
Таравари: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада
Претседател на Алијансата за Албанците и еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН, Арбен Таравари на новинарско прашање за преговорите за формирање Влада рече дека се очекува преговорите да завршат следната недела.
“Јас верувам дека следната недела преговорите ќе бидат завршени. Тимовите интензивно работат на владината програма, но истовремено верувам дека од понеделник ќе почне и поделбата на ресорите.”, рече Таравари.
Таравари е оптимист дека финален договор за формирање Влада ќе биде постигнат до петок.
“Во моментов е многу позитивна атмосфера, има разбирање од двете страни и многу сум оптимист дека до петок, ќе го имаме финален договор за идната влада“, изјави Таравари.
Во однос на случувањата во Управниот суд за донесување на решението за прегласување, Таравари рече дека претседателот на Управниот суд врши притисок врз судиите.
“Од утрото имам информации дека има вонреден притисок од претседателот на Управниот суд кој врши притисок врз судиите кои треба да го одработат предметот за прегласување”, рече Таравари, додавајќи дека судиите треба да одлучуваат непристрасно и правично.