Македонија
Костовски го предложи Митревски за нов претседател на Собранието, Мицевски порача дека нема да ја има поддршката од ВМРО-ДПМНЕ
																								
												
												
											Пратеникот Мартин Костовски од редовите на СДСМ го предложи Јован Митревски, актуелниот координатор на пратеничката група на владејачката партија, за нов претседател на Собранието, по констатираната оставката на Талат Џафери без образложение.
„Самиот факт што зад него застанаа пратеници од најголемиот број парламенатрни партии во Собранието доволно зборува не само за потенцијалот што го има Митревски туку и за довербата што пратениците ја имаат во него и во неговото искуство оваа функција да ја преземе без никаков проблем“, нагласи Костовски во образложението.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, од собраниската говорница порача дека денеска е голем ден затоа што досегашната власт почнува полека, но сигурно, дел по дел, функционер по функционер, да се руши како кула од карти.
Денешната седница, според него, е продолжение на неславниот крај на оваа власт, која во изминатите седум години, како што рече, ја уништи државата.
„Кандидатот за претседател нема да ја добие нашата поддршка“, прецизира Мицевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
																	
																															Македонија
Без струја делови од Сопиште, Петровец и Гази Баба
														Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од дел од с.Долно Соње.(Општина Сопиште)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Горно, Средно и Долно Коњари. (Општина Петровец)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Чифлик. (Општина Сопиште)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Катлановска Сушица. (Општина Петровец)
· од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Вера Вучкова Жежељ, во нас. Хиподром. (Општина Гази Баба)
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
														Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно претпладне со повремен слаб дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Во среда и четврток ќе преовладува претежно стабилно време, а нови локални врнежи од дожд повторно се очекуваат во петок и во деновите од викендот.
Македонија
Во Битола по 67 пат одржана традиционалната Ноќна атлетска трка
														Во рамките на одбележувањето на 4 Ноември, денот на ослободувањето на Битола, на Широк Сокак се одржа традиционалната Ноќна атлетска трка, во организација на Сојузот на спортови на Битола, со поддршка на Општина Битола.
Оваа манифестација, која се одржува по 67-ми пат е најстарата спортска манифестација во Битола. Годинава учествуаа над 700 учесници, основци, средношколци, студенти, граѓани и ветерани. Натпреварите се одвиваа во 24 категории, во машка и женска конкуренција.
Дел од наградите на најдобрите натпреварувачи им додели градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, кој истакна дека манифестацијата претставува симбол на спортскиот дух и заедништвото на битолчани.
„Горд сум што во очи денот на ослободувањето на Битола можеме да ја прославиме спортската традиција на нашиот град. Ноќната трка е симбол на упорност, младост и љубов кон Битола. На сите учесници им честитам на храброста и ентузијазмот, а на победниците им посакувам уште многу успеси,“ рече Коњановски.

