Македонија
Костовски: Родна Живковска била донатор на ВМРО-ДПМНЕ, нејзиниот син е претседател на Совет на општина Кисела Вода
Предлогот од ВМРО-ДПМНЕ за уставен судија Родна Живковска не е личност која нема допирни точки со политиката, туку напротив, таа е донатор на ВМРО-ДПМНЕ, порача пратеникот на СДСМ Мартин Костовски на денешната седница на Комисијата за прашањата за изборите и именувањата.
„Професорката Родна Живковска е донатор на ВМРО-ДПМНЕ. На 14 февруари 2020 година, таа уплатила 25.000 денари на сметката на ВМРО-ДПМНЕ. Исто така многу е битно да се спомене дека нејзиниот син Иван Живковски е претседател на Советот на општина Кисела Вода. Покрај тоа што е претседател на Советот, Иван Живковски склучил договор со ЈП Лајка за адвокатски услуги, што претставува судир на интереси“, истакна Костовски, додавајќи дека за уставни судии треба да се изберат професионални кадри кои немаат никаква врска со политички партии.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

