Македонија
Коцевски со претставниците на ЕУ за проектот за јакнење на борбата против шверцување мигранти и трговија со луѓе
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски, ги прими претставниците на проектот „ЕУ-поддршка за јакнење на борбата против шверцување мигранти и трговија со луѓе во Западен Балкан (EU4FAST), предводени од Ерик Винкен, проект-менаџер од холандскиот Центар за меѓународна правна соработка (CILC).
Винкен, заедно со меѓународниот обвинителски советник од Словенија Аленка Ранзингер Сагмајстер, националниот советник Зоран Додевски и правниот советник од Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) Мила Станковиќ ги презентираа приоритетите на проектот кој функционира со канцеларија во просториите на Основното јавно обвинителство за гонење на органиизран криминал и корупција.
Јавното обвинителство е меѓу клучните институции – корисници на проектот кој започна со имплементација во јуни 2023 година, ќе трае 48 месеци и е фокусиран на целосен пристап кој овозможува јакнење на капацитетите за превенција, заштита, гонење и партнерство при борбата против трговија со луѓе и криумчарење мигранти.
Во рамките на овој проект до сега се реализирани повеќе активности, меѓу кои директна помош при обезбедување докази во конкретни предмети, студиска посета на обвинители од ОЈО ГОКК на Специјалното јавно обвинителство во Словенија и други словенечки институции, како и подготвителни активности за воспоставување соба за сослушување на деца – жртви/сведоци на трговија со луѓе и криумчарење мигранти во ОЈО ГОКК.
Јавниот обвинител Коцевски се заблагодари за досегашната поддршка од овој проект и изрази уверување дека во следниот период активностите на соработка уште повеќе ќе се интензивираат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Леринска лоцирани околу број 3, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.

