Македонија
„Кочи, Груби, излета од патот, европскиот фронт ви издиша како пукнат балон“, вели ВМРО-ДПМНЕ
„Кочи, Груби, излета од патот, европскиот фронт ви издиша како пукнат балон. Груби е малку нервозен кога бандитите од ДУИ се фатени на дело како прават упат во М-НАВ и тепаат вработени, не може да ја манипулира јавноста зашто има снимки и има сведоци, а сепак судот под контрола на ДУИ ги ослободи. Но, свесен е Груби дека граѓаните гледаат како се однесува ДУИ и дека страшно ќе ги казнат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„ДУИ мисли дека го поседува судството и врши притисоци, а потврда за тоа стигнаа и од нашите меѓународни партнери. ДУИ е дувлото на криминалот и корупцијата.
Донаторите на ДУИ се главни добитници на тендерите во инстуциите во кои раководните структури се од ДУИ. Братот на Груби купува дуќан во центарот на Скопје за цена од 700 евра м2 како да купува гаража на периферијата на Скопје.
Внукот на Ахмети не знае што попрво да прави. Од бизнисмен, кој ја купи „Соравија“ без денар до полн багажник со петарди. Груби пука по сите шевови зашто знае дека крајот доаѓа затоа што никогаш не било полошо, важно е да ги поразиме“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Пронајдено лице што вчера се изгубило на Водно
Регионалниот Центар за управување со кризи – Скопје информира дека на бројот 112, вчера во 15:23 часот била добиена пријава за изгубено лице во Парк – шумата Водно.
Веднаш биле известени надлежните за нивна понатамошна постапка, по што лицето било пронајдено за околу еден час.
– Од полициската станица – Карпош во 16:34 часот во ЦУК, добиена е информација дека лице од Водно е на пат за градот, пишува во денешното соопштение на Центарот за управување со кризи.
Македонија
Почина таткото на Тоше Проески
Почина Никола Проески – татко на музичарот Тоше.
Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка.
„Светол патот, татко мој“, напиша таа.
Музичарот Тоше Проески загина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска. Неговите родители, по смртта на синот, не се појавуваа во јавноста.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ ветува изградба на магистрален гасовод од Свети Николе до Велес
За Свети Николе предвидуваме изградба на магистрален гасовод до Велес, реконструкција и проширување на патот до Пробиштип, реконструкција и проширување на градинката „Рахилка Гонева“ и нови 8 милиони евра за општината Свети Николе, изјави Драган Ковачки, носител на третата изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ.
„Почитувани граѓани, за земјоделците од овој крај, вклучително и за сите земјоделци, предвидуваме 800 милиони евра коишто ќе бидат директна поддршка за земјоделците, за навремени субвенции, за чистење на водоснабдителните системи. Нашите земјоделци заслужуваат подобар живот. Нашите граѓани заслужуваат подобар живот“, рече Ковачки.
Повика на излезност на изборите на 8 мај.