Македонија
Коѕиас: Имаме исто име
„Никола Димитров има исто име со претходниот министер за надворешни работи во Скопје, како и со мене. Знаете, во БЈРМ најчесто име е ‘Никос’, кој за нас е заштитник на морињата. Мислам дека тој е искусен човек, тој учествувал во преговори со други влади, тој е дипломат, кој се надевам и сигурен сум дека ќе го искористи потенцијалот за барање решенија, изјави шефот на грчката дипломатија пред средбата со македонскиот министер во Атина.
Тој повтори дека во меѓународните односи, држава, особено во нашиот регион, треба да покаже способност за усвојување на култура на компромис и консензус.
„Јас често им истакнувам на моите пријатели, на нашите партнери во меѓународните организации, дека начинот на кој тие се однесуваат кон оваа земја ја научи, во голема мера, да не прави компромиси и да нема политичка култура на консензус. Како што знаете, ги предупредив пред две и пол години, кога станав министер, дека тоа, исто така, ќе се префрли на домашната политичка сцена“, рече Коѕиас.
Пораката што ја добил од разговорите што ги имал со премиерот Заев и од разговорот меѓу Заев и грчкиот премиер Алексис Ципрас била дека тие покажуваат позитивен став и намера да завршат со иредентизмот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Гази Баба и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Товарник бр. 3, како и дел од корисниците од ул. Среќко Пужалка. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улиците Кичевска и Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Утрински минусни температури, кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од снег
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Времето во наредните денови
Денеска кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има услови за појава на магла. Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег
Македонија
Утре променливо облачно време со локални врнежи од снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди.
По котлините ќе има услови за појава на магла.
Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег.

