Македонија
Коѕијас: Референдумот во Скопје не е услов за преспанскиот договор
Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, во интервју за ЕРТ порача дека референдумот во Скопје не е ниту услов, ниту правно барање за имплементирање на договорот од Преспа, туку се работи за избор на Скопје.
Коѕијас објасни дека и претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Зоран Заев биле избрани со помал број гласови од оние кои беа „за“ на референдумот.
„Договорот вели дека референдумот е избор на Владата во Скопје, но не е ниту услов, ниту предуслов, ниту правно барање за имплементирање на договорот, ова е од голема важност. Сега одиме на политичкиот дел. На прв поглед кога некој го гледа процентот од гласањето и ако не ги знае балканската политика и политиките на Скопје и нивната реалност, ќе каже дека е мал. И логично е. Но, ако знае колку гласови се овие 37-38 проценти и што се случи на претходните избори, тогаш ќе сфати одредени работи“, изјави Коѕијас.
Шефот на грчката дипломатија нагласува и дека не се прочистени избирачките списоци и дека доколку гласале сите кои имаат право на глас, а тоа еден до 1,2 милиони гласачи, мнозинството од 50 проценти плус 1 ќе изнесуваше помалку од 600 000.
„Реалното избирачко тело е околу еден милион, до 1,2 милиони. За договорот од Преспа ова реално тело доби над 50 отсто. И да гласаше целото избирачко тело, резултатот пак ќе беше над 50 отсто“, појасни Коѕијас.
Тој предупреди дека некои помали партии биле финансирани од Турција за да останат воздржани на референдумот. Во овој контекст, тој истакна дека Турција е подготвена да ја спречи Грција да го развие своето влијание на Балканот и својата стабилизирачка улога во регионот.
Во исто време, тој истакна дека Македонија без стабилност и кохезија може да пропадне и тоа ќе биде најлошото сценарио не само за самата земја туку и за Балканот.
На прашањето кога ќе биде донесен договорот од Преспа од страна на грчкиот парламент, Коцијас истакна дека откако ќе има промена на Уставот во Скопје, во рок од една до две недели грчкиот парламент ќе го ратификува истиот. Тој проценува дека ќе има над 151 пратеници кои ќе гласаат „за“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

