Македонија
„Кој и да е сопственик, не е блиска пријателка на мојата сопруга“, рече Тошковски за малото модното студио кое ќе набавува униформи за полицијата
Фирмите кои треба да набават униформи за специјалната полиција во вредност од 3,8 милиони евра ги исполните сите услови пропишани во тендерот, рече денес министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по обвинувањата дека тукушто отворена компанија и мало модно студио добиле милионски тендер. Тој го охрабри Обвинителството да отвори постапка, повика да постапат и сите останати институции вклучително и соодветните служби во Министерството за внатрешни работи и повторно обвини за хајка против него.
„Го охрабрувам Јавното обвинителство да отвори постапка за секој еден предмет за кој цени дека има какви било незаконитости и ја охрабрувам опозицијата да продолжи да отвора теми кои што се од интерес за јавноста, но исто така ги охрабрувам да работат во интерес на македонските граѓани а не по која било цена да се обидуваат да го оцрнат она кое што го работиме како Министерство за внатрешни работи. Ги повикувам и Јавното обвинителство и сите останати институции, па и одделите во рамките на МВР да го истражат не само овој тендер туку сите останати тендери каде што има какви било индиции за какви било сомнежи во делот на незаконитост“, рече министерот Тошковски денес по отворањето нова канцеларија а управните служби во Жеровјане.
Министерот пак обвини за хајка против него откога новинарка го праша дали сопственичката на малото модно студио кое го добило тендерот за униформите е блиска пријателка на неговата сопруга.
„Ве замолувам некои посериозни прашања да поставуваме. Ниту знам кој е сопственик на модно студио, кое и да е, ниту пак кој и да е сопственик не еблиска пријателка на мојата сопруга. Од прашањето што ми го поставувате народот многу добро ќе сфати дека ова е само една од хајките кои се прават континуирано“, рече Тошковски и повторно кажа дека е единствен политичар во историјата кој имал две интерпелации за три месеци, единствен адвокат на кој му се истражувани сите предмети во 14-годошна служба и единствен политичар на кој толку многу му се истражувани родителите, браќата, братучедите, сестрите, кумашините и комшиите.
Опозициската СДСМ денес побара итна постапка од Јавното обвинителство и распит на сите вклучени во тендерот за набавка на униформи за специјалната полиција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Судскиот процес за Артан почнува, а допрва ќе почне и за сите негови ортаци, правда ќе има
Го разбираме револтот на граѓаните од одлуката на правосудните органи со 2 посто доверба од граѓаните за случајот со Артан Груби. Тоа незадоволство доаѓа по 7 годишна агонија на правосудните органи кои беа под политичка тортура и притисок на криминалната банда СДС-ДУИ и серија неказнивост за политичарите кои од просечно ситуирани граѓани станаа олигарси на грбот на граѓаните. Тоа време заврши, а криминогениот и до гуша во афери Артан Груби ќе одговара, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Извршната власт во овој случај има обврска да го обезбеди бегалецот пред органите на правдата и тоа МВР го направи.
Што се однесува до лицемерието на СДС тоа се гледа и во фактот што до вчера велеа дека власта го пуштила да избега, а од денес велат дека е договорено неговото обезбедување пред органите на прогонот. Вистината е дека Артан е ортак во криминалите на Заев, Филипче, Спасовски и сите заедно ќе одговараат. Судскиот процес за Артан почнува, а допрва ќе почне и за сите негови ортаци. Правда ќе има“.
Македонија
Дефокус не го полни фрижидерот, потребна е 600 евра минимална плата, велат од СДСМ
Со дефокус нема да ја тргнете темата за 600 евра минимална плата. Дефокус не го полни фрижидерот, истакнуваат од СДСМ.
„Со дефокус не можете да ја тргнете главната тема и да ги оставите работниците без леб. Мислите дека со дефокус ќе се избрише сеќавањето на авионот, часовниците од 65.000 евра, чантите од 30.000 долари. Повеќе не можете така да поминувате. На сите им е сè јасно. План за ребаланс на буџетот и кратење на луксузот ви дадовме. Прифатете го предлог-законот, откажете се од авионот, мебелот и луксузирањето. Дајте им на работниците тоа што го заслужуваат за пристоен живот.
Џабе ви се 40% од медиумите во сопственост на Орбан – гладен стомак не можете со пропаганда да го убедите дека е сит. Луѓето живеат тешко додека вие ги полните џебовите со тендери“.
Секојдневно ја задолжувате државата за вашите тендери, ги полните своите џебови додека луѓето едвај врзуваат крај со крај, реагираат од СДСМ за ВМРО-ДПМНЕ.
„Вашите црни кампањи, така наречени новинари како Латас, Ивона, Геро и „суперхероите“ како Бетмен не поминуваат повеќе. Вашите Алфа/Алта мрежи не можат да го запрат незадоволството кај народот.
Прифатете го законот заради работниците – доста беше од вашите игри.
Ќе дојде ден кога правосудството ќе биде слободно – сите ќе одговарате“.
Македонија
Поради одрон на патниот правец Катланово – Велес, сообраќајот се одвива по една коловозна лента
Од 08:40 часот поради одрон на патниот правец А1 Катланово – Велес, на 2,5км после Б.П. Детоил сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 20 – 25 метри, соопшти АМСМ.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево

