Македонија
Кривичен повторно ќе одлучува дали да ги објави решенијата за укинување на куќниот притвор на Мукоски, Василевски и Арнаудов
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер ја уважи жалбата на „Макфакс“ поднесена лани и му наложи на Кривичниот суд во Скопје повторно да го разгледа барањето за достава на решенијата за ослободување од притвор на пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов, кои беа пуштени од куќен притвор.
„Макфакс“ лани достави барање до Кривичниот суд, во кое побара анонимизирани примероци од решенијата со кои пратениците се пуштаат во куќен притвор. Судот образложи дека немал техничка можност да ги достави решенијата за притвор затоа што во АКМИС-системот не постоел модул за анонимизација на решенијата. Во образложението до Комисијата судот навел и дека рочиштата за притвор се донесени на нејавни седници.
Но, Врховниот суд неодамна јавно ги објави решенијата за укинување на мерката притвор за случајот „Империја“, а за кои одржа нејавни седници. Па, оттука се поставува прашањето како е возможно да постои двојна пракса во системот за анонимизација на решенијата. Ваква пракса имаше и Апелациониот суд во Скопје кога одлучуваше за притворите на обвинетите од СЈО.
Во образложението на Комисијата пишува: „Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер утврди дека Основниот суд Скопје 1 од Скопје не постапил во согласност со одредбите од Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер“. При повторното одлучување судот треба да ги земе предвид упатствата на Комисијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 13:00 часот, улица Бунарџик. (Општина Илинден)
– во периот од 09-00 до 15-00 часот, дел од корисниците на улиците: Мице Козар и Ѓуро Салај. (Општина Ѓорче Петров)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредниот период
Продолжува период на стабилно и релативно топло време. Во текот на ноќите и во утринските часови ќе има појава на магла на одредени места и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.
Македонија
Сообраќајот на граничниот премин Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално
Сообраќајот на ГП Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

