Македонија
Кривичен суд: Судија-поротник не учествува во носење на одлука за замрзнување на имот
Во однос на информациите поврзани со предметот познат како „Талир1“ каде меѓу другите во својство на обвинет се јавува и ВМРО – ДПМНЕ, од Основниот Кривичен Суд соопштија дека судот постапува независно, непристрасно и неселективно без разлика дали како обвинет или оштетен се јавува сегашен или поранешен функционер, лице кое ужива висок социјален статус во општеството, бизнисмен, доктор, професор, пензионер, невработен граѓанин и сл.
„ Посветен исклучиво на правдата, со целосно и доследно почитување на Законите и правата на странките, Судот одлучува врз основа на изведените докази и аргументи, врз основа на судската пракса и врз основа на правната логика, за кое нешто доказ се и бројните судски одлуки од изминатиов период, потврдени од повисоките судови, а истовремено од непристрасната јавност и од меѓународниот фактот-како релевантен критичар, се квалификувани како правични и одраз на владеењето направото. Апелираме до сите-странките во постапката, но и до „самопрогласените експерти“, да се воздржат од давање на неточни и тенденциозни коментари кои штетат на угледот на судот, но и на самите странки во постапките“ велат од судот.
За да не се шират невистини, оттаму појаснуваат дека судија-поротник не учествува во носење на одлука за замрзнување на имот, односно привремена мерка за обезбедување на имот, бидејќи, како што се наведува, таквата одлука е во надлежност на Кривичниот Совет и се носи во совет од тројца судии, без учество на судија-поротник.
„ Наместо навредливото етикетирање на судството како „Луј Витон“, „Сваровски“,Трас-трас-судство…“ кое изминативе години доаќа од различни политички структури, потребно е да се покаже поголема почит кон правосудскиот систем генерално, бидејќи навреда на Третата власт, е и навреда на граѓаните на РСМ кои се претставувани во судските постапки преку судиите поротници, а колку се важни граѓаните упатува и фактот дека нивниот глас е еднаков со гласот на судијата при носењето на одлуките.
Воедно апелираме и да се престане со постојаните закани за кривична одговорност на судиите и судиите-поротници, бидејќи таквиот вид на притисок нема да влијае врз носењето на судските одлуки, а од друга страна говори и за не укоста на тој што изнесува такви закани, па дури и за обид од негова страна за попречување на правдата“ додаваат од Кривичиот суд.
По однос изборот и разрешувањето на судиите-поротници, како што велат, јавноста треба да знае дека тоа е исклучива надлежност на Судскиот Совет, а не на Претседателот на судот.
„ Во конкретниот случај по однос судијата-поротник Митко Сандев, откако од Судот е костатирано дека истиот наполнил 60 години, веднаш е известен Судскиот Совет, но се додека истиот евентуално, не биде разрешен, тој ќе ја обавува функцијата „Судија-Поротник“.
Судот сака да појасни зошто не е поднесено „Барање за негово разрешување“ туку е дадено само „Известување“. Имено Законот за судови е нејасен во смисла на изборот и разрешувањето на судиите-поротници. Збунувачки е што Законот истовремено предвидел дека за судија поротник со мандат од четири години може да биде избрано секое лице до навршување на 60 години, а истовремено предвидел и дека со навршувањето на 60 години поротникот треба да се разреши. Ваквата недореченост на Законот, која ствара забуна, е критикувана и од домашната експертска јавност, но и од Меѓународната заедница, дури е квалификувана и како дискриминирачка, имајќи предвид дека за работно способни лица во РСМ, согласно ЗРО-Законот за работни односи, се сметаат сите лица до 64 години старост“ додаваат оттаму.
Од овие причини, во минатото, во огромен број на судски постапки, на судиите поротници кои навршиле 60 години им се дозволувало и понатаму да ја вршат функцијата поротник до истекот на мандатот од 4 години, а пред се поради целисходноста и економичноста на постапката, односно за да не отпочнат постапките од почеток и за да не се зголемат трошоците на постапката.
Станува збор за веке воспоставена судска пракса, така што доколку овој поротник не биде разрешен од Судскиот Совет, тоа не би преставувало исклучок како што се сака да се престави во јавноста.
Секое физичко или правно лице кое има својство на обвинет и кое смета дека ги има сите правни докази на своја страна, потребно е да се залага за брза, економична и ефикасна постапка, во која ќе ги изведе своите аргументи пред судот и пред јавноста, а не да ја одолговлекува или да ја кочи постапката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

