Македонија
Кривичен суд ќе има вонредна контрола по барањето на Боки 13: Веднаш ќе постапиме

Судскиот совет ќе постапува по претставката од Бојан Јовановски-Боки 13, а по обвинувањата дека Кривичен суд има донесено фалсификувано решение со кое се одбива неговото барање за прекин на казна поради влошено здравје. Јовановски побара вонреден надзор, а пак, Судски совет извести дека веднаш ќе постапи.
„Ве известуваме дека по поднесената преставка од страна на Бојан Јовановски до Судскиот совет на РСМ, односно Барање за формирање на комисија за спроведување на вонреден надзор и контрола во врска со постапувањето на Основниот кривицен суд Скопје по предметот ПК бр.18/22 , денеска до бранителот мр. Владимир Туфегџиќ, адвокат од Скопје, пристигна известување дека истата ВЕДНАШ е земена во работа и дека се постапува по нејзинити наводи. Ја поздравуваме ажурноста и итноста при постапувањето од страна на Судскиот совет“, посочува правниот тим на Бојан Јовановски.
Осудениот Бојан Јовановски-Боки 13 за случајот „Рекет“ обвинувањата дека Кривичниот суд направил фалсификувано решение ги испрати до Судскиот совет од кој бара вонреден надзор и ревизија. Тој на членовите на Судскиот совет им посочува дека решението за прекин на казната кое се однесува на него е антидатирано во АКМИС-системот. Јовановски во дописот до Судски совет укажува зошто се сомнева на фалсификување и антидатирање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за краткотраен дожд и грмежи

Времето денеска, сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Во среда во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи. Потоа ќе преовладува претежно стабилно време, а дневните темпетаури ќе бидат без значителни промени.
Македонија
Филипче: Актуелната власт го заборави Делчево само затоа што градоначалникот е од друга партија

Претседателот на СДСМ Венко Филипче заедно со градоначалникот на Делчево Горан Трајковски денеска ги посети капиталните проекти во градот. Салата АСНОМ, прочистителната станица, новиот пазар и новата градинка со капацитет за околу 150 дечиња.
„Станува збор за капитални проекти коишто беа навистина потребни и коишто сериозно го олеснуваат животот на граѓаните во Делчево.
Филипче оценува дека овие проекти не се само инфраструктура, туку се вложување во подобар живот за сите граѓани, проекти кои го менуваат животот на граѓаните на подобро. За жал, денеска Делчево не само што нема капитални проекти туку истото е целосно заборавено а тоа најмногу се одразува на граѓаните и тоа само затоа што градоначалникот не е од истата партија.
„Еве сега гледаме што значи да се нема поддршка од влада. Од оваа актуелна влада практично Делчево е заборавено и целосно е маргинализирано. Жалам што прават таква политичка сегрегација врз основа на тоа кој градоначалник од која партија е, тоа граѓаните навистина не го заслужуваат“, потенцираше Филипче.
Македонија
Во среда авионско прскање против комарци во Скопје

од Центарот за управување со кризи известуваат дека во Град Скопје во среда ќе се реализира авионско прскање против комарци.
„Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира на 11.06.2025 година (среда), во раните утрински часови.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истите термини“, велат од ЦУК.
Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.