Македонија
Крсте Шајноски избран за претседател на Агенцијата за супервизија

Собранието со 54 гласа „за“ го избра Крсте Шајноски за претседател на Советот на експертите на Агенцијата за супервизија и осигурување. На оваа позиција Шајноски доаѓа од позицијата вонреден професор од Институтот за бизнис и економија. Шајноски беше предложен од Владата во ноември кога му истече мандатот на неговиот претходник Климе Попоски.
Пред да биде именуван реагира пратеничката Лилјана Кузмановска, која праша кој му бил мотивот на Шајноски да биде дел од оваа институција кога во минатото бил поборник за остварување на професионалците во приватниот сектор.
„Шајноски велеше дека не е престиж еден експерт да работи и се остварува во државната администрација. Не сакам да навлегувам во неговата работна биографија, но ме интересира зошто одеднаш му стана толку примамливо да биде дел од ова регулаторно тело“, рече Кузмановска од собраниската говорница.
На нејзиниот говор реагира пратеникот Костадин Ацевски од СДСМ, кој рече дека не требало да се крева прашина затоа што тие во минатото удомиле куп партиски експерти.
Покрај Шајноски, беше избран и Злате Симоновски како член на Советот на експертите на оваа регулаторно тело.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Гужва на границите, на Табановце и Богородица се чека по 20-тина минути

Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен.
Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце” времето на чекање за влез и излез е околу 20 минути, за. На ГП „Богородица” времето на чекање за излез знесува околу 20 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата, информира АМСМ.
Поради пожар во националниот Парк Јасен, пак, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Маџирмаало 11, општина Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Дел од Зелениково денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од село Зелениково, општина Зелениково.