Македонија
Кумановци на бунт, не даваат закопување мртви свињи, се плашат од загадување на околината
Во кумановска Речица се јави револт од страна на граѓаните бидејќи се против закопување мртви свињи. Жителите се судрија со полицијата откако претходно не дозволија да поминат камиони на Агенцијата за храна и ветеринарство во кои имаше свињи умрени од болеста африканска чума.
Свињите требало да бидат закопани во атарот на селото, на што граѓаните се спротивставиле. Револтот се јавил поради страв дека големиот број закопани животни може да ја загадат околината.
Во просториите на Општина Куманово денеска претходно се одржа состанок на Општински штаб за заштита и спасување во проширен состав, заради појава на свинска болест “Африканска чума”. Градоначалникот Максим Димитриевски на социјалните мрежи рече дена на состанокот се донесени неколку заклучоци.
„Секој орган да постапи во согласност со своите надлежности и овластувања, да се почитуваат сите мерки за спречување и сузбивање на ширење на болеста “Африканска чума” кај свињите; Агенција за храна и ветеринарство да ги превземе сите потребни заштитни мерки при транспорт од жариштето на болеста до утврдената локација за закоп на угинати свињи и да постапува согласно своите протоколи за работа при вршење на закопот“, вели Димитриевски.
Посочи и дека треба Општина Куманово, преку јавните претпријатија да пружи целосна логистичка поддршка во однос на обезбедување на механизација потребна за спроведување на постапките од страна на АХВ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Облачно време со врнежи од дожд и температуриа до 9 степени
Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во источните делови (над 35 l/m²). На планините врнежите ќе бидат од снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд. Во повисоките делови од котлината врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 5 степени.
Утре на планините и на повисоките места ќе провејува слаб снег. Од недела времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и таму температурата ќе остане пониска.
Македонија
АМСМ: Тековен сообраќај по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информира АМСМ.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Потсетување дека патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 21.11.2025 до 31.03.2026 година се затвора за сообраќај за сите видови возила.
Македонија
Дел од корисниците од Гази Баба без струја
Дел од корисниците од Гази Баба денеска ќе останат без струја.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 28.11.2025 година ( Петок ) без електрична енергија ќе останат: во периодот од 08:30 до 14:30 часот, корисниците на ул.2 во Раштак ( општина Гази Баба )“, информира РЦУК.

