Македонија
ЛГБТИ активистот за нападот во Сарај: Ми удрија бокс и ми се закануваа со смрт
Еден од шесттемина ЛБГТИ активисти кои вчера беа нападнати на Матка, а потоа во Сарај, вели дека група од 15 до 20 лица учествувале во инцидентот. Беким Асани од Тетово тврди дека насилниците им се заканувале дека ќе ги убијат, а еден од нив му удрил и бокс.
„Откако почнаа да ни префрлаат, ние заминавме со такси. Но, пет лица нè следеа и ми се нафрлаа мене. Еден од нив ме плукна. Постојано викаа ‘ќе те убиеме, мртов си’, а на другарките им викаа ‘вас ќе ве силуваме’. Една кола не следеше напред, една странично. Таа од напред два пати ни го пресече патот, па таксистот ја зголеми брзината. Но во Сарај имаше гужва, па откако трет пат ни го пресекоа патот, едниот излезе од колата, дојде и ја отвори врата од таксито, по што ми ја искина маицата, која не беше од ‘Скопје прајд’. Потоа ми удри бокс. По кратко време, се собраа и други лица и ни ја опколија колата, викајќи ‘педери мрш од тука, ќе умрете’“, опишува Асани на социјалните мрежи.
Според активистот, тие имале среќа бидејќи во кафулето близу местото каде се случил инцидентот имало тројца полицајци кои изреагирале, но и тие биле нападнати.
„Фалеа секунди да завршиме многу полошо. Никој од нас немаше ЛГБТИ обележја. Тие ме препознаа мене. Сите сме шокирани, сè беше како на филм, ова нема да го заборавиме цел живот“, додава Аасани.
Министерството за внатершни работи го документираше случајот, а утрово е приведено едно лице.
„Околу 16:00 часот на Кањон Матка, Б.И. (32), З.Л. (31) и К.Џ.(31) сите од Тирана-Албанија, И.А. (21) и Х.Л.(32) двете од Босна и Херцеговина и А.Б. (36) од Тетово биле пресретнати од група од околу 6-7 лица и навредувани зашто биле припадници на ЛГБТИ заедницата. За да избегнат проблем, се качиле во такси возило и се упатиле кон Сарај. По нив тргнало ‘ауди’ со кое кога пристигнале во близина на плоштад ‘Иса Булетини’ во Сарај им бил попречен патот и такси возилото принудно запрело. Тогаш од ‘aудито’ излегол возачот и започнал да го навредува и да упатува пцовки и закани насочени конкретно кон А.Б. и во еден момент физички го нападнал“, велат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Адем Чучуљ ја презеде претседателската функција на Антикорупциска
Новиот претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Адем Чучуљ, денеска даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши.
Тој најави дека заедно со неговиот тим ќе бара интегритет, одговорност и транспарентност од сите институции.

„За мене претставува, пред сѐ, чест да бидам претседател на институцијата од која потекнувам, во која израснав како професионалец. Истовремено е голема одговорност, имајќи ги предвид предизвиците со кои се соочува и Комисијата и државата на полето на борбата против корупцијата. Во таа насока како претседател на ДКСК ќе се залагам за транспарентна работа на институцијата, но и како тим ќе бараме одговорност и транспарентност од сите институции“, изјави Чучуљ.
Македонија
Обвинетите за „Пулс“ утрово во Идризoво ги пречекаа фотографии од сите загинати
Металните барикади пред влезот во судницата во Идризово, кои ги одвојуваат влезовите преку кои влегуваат обвинетите и родителите на загинатите, утрово се прекриени со транспарент на кој ги има фотографиите од сите жртви во трагедијата во Пулс.
Покрај него мораа да минат сите обвинети.
Со истиот транспарент родителите и роднините на загинатите во кочанската дискотека „Пулс“ во саботата маршираа низ Кочани.
Македонија
Друг затвореник признал дека се негови 13-те мобилни и лаптоп најдени во ќелијата на Џеваир Камбери, обвинет за „Пулс“
Тринаесетте мобилни телефони и еден лаптоп пронајдени во ќелијата на обвинетиот за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, Џеваир Камбери, не биле негови, кажа на деншеното судење неговиот бранител Насер Рауфи.
Сопственикот на телефоните и на компјутерот самиот се пријавил и признал дека се негови.
„По вашата забелешка на минатото судење дека Камбери внел телефони, во меѓувреме детектиран е сопственикот на телефоните и лаптопот од страна на затворот, и не е Камбери. Го молам судот да се обрати до затворот за таа информација“, рече адвокатот Рауфи.
Судијката Диана Груевска-Илиевска неговата забелешка ја внесе во записникот.
Пред почетокот на минатото судење таа го предупреди обвинетиот Камбери дека му следи самица и други казни оти во неговата ќелија биле најдени 13 мобилни телефони и еден лаптоп.

