Македонија
Левицата: Нема да дозволиме богатење на грбот на работниците, ние сме последен удар против корпоративната диктатура на СДС
Во овој момент, народот, заедно со Левицата во институциите, се бори против најголемиот грабеж во историјата и најсилниот директен напад врз народните права и слободи. Без да заборавиме, повторно имаме потсетник од оние што сакаат да уништат сè за кое работниците се бореле, истакнуваат од оваа партија.
„Антиевропската партија СДС, која се залага за поробување на нашите работници, злоупотребувајќи го европското знаменце насилнички и против Уставот на Република Македонија, продолжува со шверц на закони за корпоративен феудализам. Кога се соочуваме со крајно тешки времиња и историска кризи, во која обичните луѓе се доведени до борба за преживување, СДС активно се обидува целосно да го одземе достоинството на нашиот народ“, велат од Левицата.
За задоволување на корпоративните интереси бесрамно, како што велат, ги компромитираат европската интеграција и оправданоста на инструментите за правно усогласување.
„Обидите за воведување 60-часовна работна недела ги заобиколуваат цивилизациските норми на овој век, но ненаситната власт ќе направи сè да ги ограничи правата на работниците.
Како партија на трудот, Левицата нема да дозволи овие грабливци и злосторници без отпор да се богатат на грбот на работниците. На борбените линии против корпоративните паразити од СДС и ДУИ нè обединува класниот и националниот интерес – спротивставени против нелегитимните рехабилитатори на фашизмот и острилото на корпоративната диктатура“, се потенцира во пишаниот допис од страна на Левицата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Топло со умерена облачност, температурата до 25 степени
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. На североистокот ќе има услови за појава на краткотраен дожд.
Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието краткотрајно засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 25 степен.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Ќе настапи преодно стабилизирање на времето со позначителен пораст на дневната температура. Од сабота кон крајот на денот повторно се очекува нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Повремена претежно попладневна нестабилност со пороен дожд и грмежи, со променлив интензитет, ќе има се до средината на следната недела.
Скопје
108 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
„На територија на град Скопје изречени се вкупно 108 мерки, меѓу кои девет мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, седум мерки за користење на мобилен телефон при возење, осум санкции за некористење на сигурносен појас…“, извести МВР.
Од таму додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.