Македонија
Левица бара одговорност и оставка од Тошковски
Левица не само што ги осудува инцидентите и нередите околу непочитувањето на македонското знаме, не само што бара одговорност и оставка од Тошковски, туку уште еднаш потсетува на Македонската платформа, која беше основен услов за каква било постизборна коалиција на Левица со ВМРО-ДПМНЕ.
„Последниве инциденти потврдуваат зошто власта предводена од ДПМНЕ не прифати Македонската платформа да биде потпишана од промакедонските партии со цел утврдување на национален концензус заради превенција од уцените кои доаѓаат од партиите на албанското малцинство. Точките од Македонската платформа, предложена од Левица, мора да бидат минимум црвени линии на сите партии во државата пред кои нема попуштање ако сакаме да ни остане нешто од Македонија!
Потсетуваме дека петтата точка од Македонската платформа гласи: Забрана на веење и поставување јарболи со знамиња на туѓи (големи) држави на јавни места со цел зауздување на иредентизмот, етно-трибализмот и национал-шовинизмот, строга контрола и надзор над правилната употреба на државните симболи (грбот, знамето и химната) од страна на државните органи, општините и приватните субјекти при сите прослави и манифестации, задолжително истакнување само на македонското знаме во канцелариите на јавните функционери. Македонската платформа беше понудена од Левица со цел да се запре понатамошното разградување на Република Македонија и нејзино претворање во полупротекторат“, велат од Левица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

