Македонија
„Левица“: Златко Марин продолжува со уништување на зеленилото во Аеродром
„Левица“ го обвини градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин, дека го подготвува теренот за реализација на ДУП-от, донесен од Ивица Коневски, дополнително уништувајќи го зеленилотго кое, како што велат од партијата, се повеќе ни е потребно во оголеното Скопје.
„Иако како главно ветување на актуелниот градоначалник беше дека ќе го смени правецот на урбанизација, во смисол на создавање повеќе паркови и игралишта, уште еднаш го видовме на дело како го одрекува своето ветување. На бесрамите лаги и манипулации на Марин, ние, жителите на Аеродром одамна не му веруваме. Тој во предизборната кампања на претходниот градоначалник му предлагаше да ги обесштети сопствениците на земјиштето со пари, или компензација со земјиште на друга локација, за да го заштити просторот од дополнително градење, како и да ги послуша жителите. Но, откако стана градоначалник, не само што самиот не ги примени овие работи, туку го смени мислењето и неколку пати се правдаше дека не може ништо да преземе, за да ја спречи градбата. Неговата негрижа за жителите на оваа голема населба е очигледна бидејќи да имаше и малку совест ќе се обидеше да го спречи неконтролираното сечење дрва и уништување на реткото зеленилото кое е потребно во и онака загадениот Аеродром“ велат од „Левица“.
Оттаму додаваат дека Марин наместо да сади, урива дрва, наместо да гледаме трева, цвеќе, окружени сме со градежен смет и прашина, нови згради и никаква визија за доброто на жителите. Викендов Општината организира забава во чест на 14 години општина Аеродром, на која се поканети музички гости од земјава и странство, додека интересно е што сите градежни фирми се спонзори на настанот. Празните ветувања на Марин се уште ги паметиме, а малку музика и лажна безгрижност која се труди да ни ја пренесе со славење, наместо вистински да започне да се бори со многуте проблеми во нашиот, некогаш зелен и убав Аеродром. Водух за Аеродром!, порачаа од „Левица“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

