Македонија
Левицата: Нови пријави од вработени во ЈСП за притисоци од директорот
Левицата соопшти дека има нови пријави до партијата од вработени во Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ за наводни притисоци и кршење на работничките права од страна на директорот на ЈСП, Кристијан Чушков.
Како што се наведува, работниците што ги чистат автобусите работеле без никаква заштитна опрема и соодветни средства за заштита од коронавирусот.
„Дополнително, работниците за викенди работат по 16 часа, без никаков платен надоместок! Левицата минатата недела поднесе пријава до Државниот трудов инспекторат, но сѐ уште нема никаков одговор. Дали власта ги штити своите партиски кадри во ова јавно претпријатие, а на сметка на здравјето на работниците? Дали јавните дејности се користат исклучиво за цедење буџетски пари и богатење поединци блиски до власта?
Истовремено, ја информираме јавноста дека располагаме со информации за континуирано малтретирање на работниците во ова претпријатие преку кратење од плати, уцени и распоредување на пониски места, кои дополнително ќе ги обелодениме. За овие случаи веќе се поведени неколку судски спорови од страна на самите работници и покрај притисоците со кои се соочуваат. Во ваквите злоупотреби и малтретирања на работниците се инволвирани и самите синдикати, кои очигледно претставуваат продолжена рака на власта во спроведувањето на нивните антиработнички политики“, додава партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улиците: Полог и Кочанска, општина Кисела Вода;
– од 08:30 до 16:00 часот, корисниците од населените места и објектите од село Алдинци кон Солунска Глава, општина Студеничани;
– од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Македонско Косовска Бригада, општина Шуто Оризари;
– од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од објектите во околината на зграда бр. 17 на бул. Партизански Одреди, општина Центар;
– од 09:30 до 13:00 часот, корисниците од ул. 6 во село Бардовци, општина Карпош.
Македонија
Непречен сообраќај по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Времето денес облачно со повремени врнежи од дожд и засилен ветер
Времето денес ќе биде променливо облачно и релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни со услови за појава на грмежи. Ќе дува засилен до силен ветер од југозападен правец (над 70 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 19 до 24 степени.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремен дожд, локално пороен. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Во утре ќе има преодно стабилизирање на времето. Од недела до вторник ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во понеделник наместа врнежите ќе бидат пообилни и поројни со услови за појава на грмежи. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (над 70 km/h).

