Македонија
Левицата: Собранието е на платен одмор додека народот бара одговори
Скандалозната одлука за ,,колективен одмор” на Собранието ја покажува отуѓеноста на партиите на елитата од барањата на народот. Левица беше единствената партија против ова самоволие, во моменти кога пратениците треба и мора да бидат на висина на задачата. Бегајќи од пратенички прашања, плашејќи се од вистината, Собранието избега и од одговорноста.
„Во овие моменти, кога е повеќе од потребно, Собранието не презема одговорност да носи закони, туку втора недела по ред бега од таа своја обврска! Владејачкото мнозинство на ДПМНЕ-ЗНАМ-ВРЕДИ поддржано од СДСМ, ја покажа својата вистинска слика – кога е најважно, тие избегаа! По системски предизвиканата трагедија во Кочани, граѓаните очекуваат одговори и носење на клучни законски решенија. Срамно и неодговорно однесување. Законодавниот дом е единствената непосредно избрана власт и таа одговора пред народот, а не според желбата за играње криенка на премиерот Мицкоски. Со Мицкоски, наместо транспарентност, добиваме молк, а наместо отчетност – страв“, посочуваат од Левица и додаваат:
„Пропустите на поранешните функционери не ги ослободуваат од одговорност сегашните функционери. Ова е моментот кога државата мора да покаже дека постои. Институциите мора да делуваат брзо, ефикасно и без компромис. Ова не е време за калкулации, ниту за политички маневри, туку за дејствија на сите нивоа на власта – за да се осигура безбедноста и да добиеме одговорност. Народот бара одговори – кој е виновен, зошто не се преземени превентивни мерки и какви чекори ќе следат за да не се повтори ваква трагедија? Власта може да бега денес, но нема да избега од одговорноста пред народот“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

